MAMA

Д-р Белојевиќ открива на кои места во куќата можете најлесно да се заразите од коронавирус

Тој посочи дека за дезинфекција потребно е да има препарати од алкохол и хлор

Постои решение, а тоа е дезинфицирање на сите површини во домот.

Професорoт од Медицинскиот факултет во Белград, проф. Д-р Горан Белојевиќ зборуваше за тоа како најдобро да се исчисти куќата, но и кои делови се најзагрозени за време на пандемијата на коронавирусот.

Тој посочи дека за дезинфекција потребно е да има препарати од алкохол и хлор, како и три проценти водород-хидроген, но да се направи разредување од 0,1 процент за да може да се користи за површини.

Тој предупреди дека основниот закон за хигиена е дезинфициранње и предупреди дека чистењето треба да биде поактивно од вообичаеното.

„Кујната е критично место, садовите, чашите, машините за миење садови да работат со целосна програма, не на половина, како и машините за перење во целосна програма, на 90 степени, таа температура ги уништува вируси и во двете машини“, вели тој.

Вирусот  според докторот се уште се истражува и нема докази за некои работи се уште се изучуваат, се појавуваат нови симптоми како никогаш досега, како што е губење на чувството за мирис.

– Сува кашлица, дигестивни симптоми, се појавува дијареја – тој посочува и предупредува дека во есента, кога ќе се вкрстат грипот и короната, може да има големи проблеми.

Делириум е чест симптом кој се јавува кај постарите пациенти кои во болница се лекуваат од ковид-19, рекоа експертите.

Делириумот се дефинира како ненадејна конфузност, изменета свест и нарушување на однесувањето. Може да влијае различно – кај некои луѓе ќе ја наруши способноста за јасно размислување, а кај други ќе доведе до нарушување на ориентацијата и перцепциите.

Во некои тешки случаи заболените може дури и да халуцинираат.

Научниците од Универзитетската болница Свети Винсент од Даблин делириумот, метафорички го нарекоа како “дел од слагалица, која недостасува во откривањето на болеста ковид-19“.

Раните истражувања покажуваат дека меѓу 20 и 30 отсто од сите болни кои се позитивни на корона развивале делириум или промени во менталниот статус додека се во болница, а тој број во посебно тешките случаи се зголемувал на 60 до 70 проценти.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close