Кафе муабет

ДУШКО ТОШИЌ СЕ ОГЛАСИ ПО ГЛАСИНИТЕ ДЕКА СЕ СМИРИЛ СО КАРЛЕУША: Оваа жена е виновна за се

Нема ништо од помирувањето...

На почетокот на јули како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша по 14 години се разведува од Душко Тошиќ.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Сепак, како што пренесува Стар, наводно пејачката и фудбалерот решиле да му дадат уште една шанса на бракот, а за се е виновна сестрата на Душко, Катарина. Таа постојано била во контакт со Јелена и често воделе долги разговори за се. Сестрата на Тошиќ е многу блиска и со нејзиниот брат и со снаата, па сфатила дека и двајцата избрзале со одлуката за развод, поради што ја договорила ситуацијата Душко и Јелена повторно да разговараат за се.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

„Катарина го чекаше Душко да се врати од Дубаи каде што беше на одмор. Долго разговараа и таа му рече дека треба да разговара со Јелена и дека за доброто на децата треба да се обидат да ги решат несогласувањата  што ги имаат. Така беше, Душко се јави кај Јелена дека ќе дојде во вилата на Дедиње да ги види децата и и рече дека би било убаво да биде дома за да ручаат сите заедно како семејство.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Атина и Ника особено се израдуваа, а како одминуваше денот, Душко и Јелена почнаа да разговараат за проблемите што ги имале во бракот. Се уште ништо не е конечно, но се договориле да направат пауза од поднесувањето документи за развод и да видат како ќе функционираат во блиска иднина“, вели извор близок до семејството Тошиќ.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

„Душко сега е во Белград и се повеќе време поминува во вилата на Дедиње, која ја купија пред три години од Пикси. Засега се е во најдобар ред, нивните ќерки се најсреќни што повторно се сите заедно и сестрата на Тошиќ е исто така задоволна бидејќи е заслужна за нивната повторна средба. Душко се врати во куќата и сега спие таму“. завршува изворот.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Покрај тоа, Карлеуша се појави среќна и задоволна на роденденот на Милица Павловиќ и на новинарско прашање како се чувствува како слободна жена, таа со насмевка на лицето рече: „Не сум сингл, не сум разведена жена. ”

фото Еспресо.рс

По повод пишувањето на некои медиуми дека имало помирување меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, неговиот адвокат Никола Премовиќ, за српски Курир истакна дека екс-фудбалерот ги негира наводите дека се вратил во прегратките на пејачката и дека преговорите за заеднички развод се уште траат.

Фото Ata Images

– Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се во преговори за спогодбен развод. Јас сум во контакт со Јелена и нејзините адвокати и се надеваме дека наскоро ќе се постигне мирно и спогодбено решение, пред се имајќи ги предвид интересите на нивните малолетни ќерки. Во име на мојот клиент ги демантирам сите други медиумски наводи поврзани со таа тема како невистинити – изјави Премовиќ.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Да потсетиме, медиумите објавија дека пејачката и фудбалскиот менаџер сепак решиле да му дадат уште една шанса на бракот откако Јелена двосмислено одговори на новинарските прашања до каде е разводот со Душко.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close