Кафе муабет

Душко одамна го навести разводот: Се појави видео, неговиот израз на лицето кажува се, еве како се чувствува

По четиринаесет години ставија крај на бракот...

Вчера во јавноста одекна веста дека пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Иако долго време се зборуваше дека има сериозни проблеми во нивната врска, и дека нивниот брак е во криза, тие дури вчера официјално објавија дека се разведуваат.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Јелена и Душко долго време не се појавуваа заедно на разни настани, ниту пак објавуваа заеднички фотографии.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Фудбалерот го прослави својот 37 роденден во родниот Зрењанин, во кругот на пријатели, а Јелена не присуствуваше на овој настан.

фото Инстаграм/Душко Тошиќ

На социјалните мрежи се појави снимка од Душко како се радува со песната на Шабан Шаулиќ „Со намера дојдов во големиот град“, каде што може да се види како фудбалерот го пее текстот „Се оженив и се разведов“, цело време со насмевка на своето лице. Многумина уште од тогаш коментираа дека веќе ставиле крај на бракот и дека оваа песна сведочи за тоа.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Инстаграм страницата која ги следи животите на фудбалерите со оваа песна ја коментираше роденденската прослава на Душко.

фото нстаграм/Душко Тошиќ

Времето ќе покаже дали нешто значи песната што пријателите на Душко ја нарачаа за роденденската прослава“, стои во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WAGS • Sport • Love• (@zene_fudbalera)

Изгледа гласините биле вистинити, а ова само потврди дека уште од тогаш Душко ја славел слободата.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Јелена вчера на социјалната мрежа Инстаграм, посочи дека „целиот брачен имот е пренесен на заедничките деца, а старателството и припадна на Карлеуша.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Како што беше напишано претходно, генерално сè што брачните другари стекнaa за време на бракот се дели на половина. Тошиќ заработи огромнa сумa пари откако се ожени со Јелена Карелуша.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Прво настапуваше за српската репрезентација, потоа се пресели во Црвена звезда, а потоа во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај другите клубови, Душко најголемиот успех и заработка го постигна во турскиот клуб Бешикташ каде играше од 2015 до 2018 година.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Според медиумите, Тошиќ за овие три сезони во славниот клуб заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на претходните 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран натпревар.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

По големиот успех во овој клуб, Душко се пресели во Кина – Гуангжу Р&Ф, каде што беше платен уште повеќе.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, тој заработуваше по 5.800.000 евра по сезона, како што објавија тамошните медиуми и со тоа стана најплатениот српски фудбалер.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Кога би се собрале само паричните приходи од овие два клуба, без да се земат предвид претходните заработки, бонуси, премии, како и трошоците за клубот, менаџерите и другите трошоци кои сигурно ги имал фудбалерот, Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу неверојатни 18 милиони и 750.000. Според таа претпоставка, Јелена треба да добие половина од оваа сума на пари, која изнесува нешто повеќе од девет милиони евра!

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Брачната двојка Тошиќ поседува неколку имоти и автомобили, кои во случај на развод би можеле подеднакво да се поделат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Пред 3 години медиумите објавија дека брачната двојка купила вила од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиње, вредна околу 3 милиони евра, која се уште ја уредуваат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Се шпекулираше и дека одвоиле 300.000 евра за вила во Врачар, но парот никогаш јавно не проговорил за имотот. Дополнително, доколку ќерките на познатиот пар и припаѓаат на мајката, Душко за нив треба да и плати на Јелена алиментација за која ќе се договорат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close