Кафе муабет
Душан ја молеше Тања да му се врати – еве што му одговори пејачката на тоа!
Сепак, таа не сакаше да зборува многу за нејзиниот сопруг, освен дека нема шанси да му се врати...
Пејачката Тања Савиќ конечно пристигна во Белград со своите синови, а на белградскиот аеродром, покрај медиумите, ги пречека и семејството на пејачката- сестра Билјана, братот Томица и останатите.
Средбата на момчињата со семејството беше емотивна, а пејачката рече дека конечно е среќна. Сепак, таа не сакаше да зборува многу за нејзиниот сопруг, освен дека нема шанси да му се врати.
Како што дознава српски Курир, Душан ја молел Тања и таа да остане во Австралија заедно со него и синовите, тој ветил дека ќе се смени, дека нема да има повеќе испади и нема да биде љубоморен, но таа го игнорираше. Савиќ донесе одлука да не му прости на Душан за агонијата низ која минуваше 15 месеци. Таа не може да заборави што се случуваше, и како тој без нејзино знаење ги однесе синовите на Голд Коуст, па дури и често им бранеше комуникација со неа.
А, дека Душан сака да биде со пејачката, јасно е од неговата изјава што ја даде за Курир.
Ги сакам сите тројца повеќе од сè, сакам сите да бидеме заедно што е можно побрзо, како што треба – рече Јованчевиќ, кој до пред само неколку дена истакна дека поднел барање за развод од Тања.
– Разводот не е трагичен. Трагично е да се остане во несреќен брак и да им се даде на децата погрешен пример на љубов – рече Тања во една прилика.
– Таа книга е затворена за мене. Имам свои деца кои треба да ги водам по вистинскиот пат, кои треба да ги однесам кај психолог, за да ги спасам од човекот што им ги труеше мозоците – рече тогаш Тања потенцирајќи дека нема да се смири со Душан.