Кафе муабет
ДРАГАНА МИРКОВИЌ КОНЕЧНО ПРОЗБОРЕ ЗА РИВАЛСТВОТО СО БРЕНА: Реши да каже се, не сака повеќе да молчи
Пејачката тврди дека залудно се обидувале да ги скараат...
Драгана Мирковиќ која важи за една од најголемите ѕвезди во регионот вели дека долги години безуспешно се обидуваат да ја скараат со колешката Лепа Брена!
Пејачките некогаш беа заедно во издавачката куќа „ЗАМ“ и го имаа истиот менаџер Раку Ѓокиќ, а кога во меѓувреме станаа најголеми фолк ѕвезди почна да се пишува за нивното наводно ривалство.
– Се обидоа да не скараат со разни приказни и подметнувања, но не успеаја. Моето пријателство со Брена никогаш не беше условено од тоа колку се гледаме, туку од емоциите што ги имаме една кон друга. Ние сме зрели и знаеме дека вистинските пријатели не мора секогаш да бидат тука, но тие се со вас кога навистина ви е потребно. Така е и со нас две. Не се гледаме или слушаме секој ден, туку повремено. Кога и да можеме, се гледаме, не е важно за која држава или град станува збор – вели Драган.
И Весна Змијанац зборуваше за ривалството со Брена…
На крајот на осумдесетите, Весна Змијанац и Лепа Брена беа најпопуларните фолкерки во СФРЈ, но и најголемите ривалки на музичката сцена.
За време на едно од телевизиските гостувања, Весна отворено проговори за врската со позната колешка и што мисли за нејзините песни.
Водителката ја праша Змијанац дали е вистина дека тие две се во тензичен однос, а одговорот на Весна изненади многумина.
– Знаете што, кога сакаме реклама се согласуваме. Јас и Брена отсекогаш сме биле конкуренти, ривали.
Со тоа што Брена е шоумен, а јас пејачка, артист. Ние две се согласуваме да бидеме во конфликт. И тогаш драмата трае еден месец, седиме во ресторан и пиеме кафе. Или патуваме некаде во светот, истакна Весна.
Откако открила дека нивните караници биле лажни и исклучиво во служба на шоу-бизнисот, Весна истакна дека нејзината колешка ја повикала да учествува во документарниот филм „Лепа Брена и година на „Сладок грев“ што неодамна се емитуваше на телевизија Прва. Потоа ја нарече пејачка на лесни ноти!
– Ми се јави да кажам нешто за неа во документарецот. Ниту таа би можела да биде одлична без мене, ниту јас без неа. Имаме сосема различни кариери. Мојата публика е сериозна публика, која сака добра и сериозна песна. Публиката на Брена беше детска, таа ги пееше песните „Чачак, Чачак“, а јас „Сватови“, „Кад замиришу јорговани“ и сите тешки композиции.
Змијанац неодамна проговори и за односот со Брена.
– Помеѓу мене и Брена имаше ривалство само како добра конкуренција, но ние сме големи пријатели и секогаш добро се согласувавме – истакна Змијанац.