Дом и семејство

Драгана Мирковиќ ги отвори вратите од луксузниот замок: Еве како изгледа по реновирањето- во него престојувала и Мајка Тереза

Ужива во својот дом...

Фолк дивата Драгана Мирковиќ освен што може да се пофали со блескава кариера и бројни хитови,  најмногу се гордее со семејството, сопругот Тони Бијелиќ со кој е во брак повеќе од две децении, синот Марко и ќерката Манулела.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Хармоничното и среќно семејство го изгради своето гнездо во близина на Виена, во величествениот замок Ебенфурт, кој вреди цело богатство, а имавме можност да видиме ретки фотографии од внатрешноста на овој луксузен имот пред новогодишните празници, кога пејачката ја покажа совршена декорација преку социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Деновиве, пак, домот на Драгана Мирковиќ блеска со посебен сјај и во него владее посебна атмосфера, а дека покрај својот гламур, замокот зрачи со топлина и со искрена љубов, имавме можност да се увериме гледајќи ги фотографиите и видеата кои таа ги објави на Инстаграм по повод нејзиниот 55-ти роденден.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Помеѓу бројните објави, меѓу кои секако најдраги и се честитките од нејзините најблиски, едно видео привлече големо внимание и откри уште неколку детали од луксузниот замок на Драгана.

фото принтскрин

Имено, познато е дека овој објект има посебно културно-историско значење.

фото принтскрин

Еден од најинтересните факти е дека овој замок често го посетувала Марија Тереза, која често престојувала таму кон крајот на 17 век и поради оваа причина пејачката не сакала целосно да го реновира, но дел од величествената вила Драгана и нејзиниот сопруг решиле да го реконструираат со помош на експерти и да го прилагодат на нивните потреби.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Бидејќи инсистираат на автентичност, архитектонските детали што го красеа домот на Драгана Мирковиќ, поточно замокот, ги оставија уште пред реновирањето, како што се големите прозорци со делот за седење.

@dragana.mirkovic #draganamirkovic #birthday ♬ original sound – Dragana Mirković

Внатрешноста на замокот ја дизајнираа Драгана и Тони заедно, акцентот е ставен на бели и беж тонови кои на ентериерот му даваат префинета нота, а посебно внимание привлекуваат античките мотиви, уникатните предмети и парчиња мебел како и лустерите украсени со Сваровски кристали.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Замокот има сала за бал, каде пејачката и нејзиното семејство организираат семејни прослави, а се работи и на музеј во рамките на имотот, кој наскоро ќе биде отворен за посетители. Замокот има и посебна просторија во која се наоѓаат сите награди кои пејачката ги освоила во текот на кариерата, како и подароците кои ги добивала од обожавателите.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Реновираниот дом на Драгана Мирковиќ, во кој го најде својот мир, иако има посебно културно-историско значење, може да се каже дека е вистинска оаза на луксузот и здание од бајките што никого не остава рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Во продолжение уште неколку фотографии од домот на Драгана Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото Hello.rs
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close