Кафе муабет
Дочекавме расплет: Карлеуша донесе одлука- еве што реши за развод од Душко?!
Не ни помислуваат на тема развод...
Разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе две години е главна тема во домашните медиуми, но откако пред десетина дена во нивниот дом се случи вистинската драма, не престанува да се пишува за разводот на славниот пар.
И покрај апелот на Јелена до јавноста да престане да шпекулира за семејните односи во нејзиниот дом, гласините за развод стануваа се погласни, а потоа вистината излезе на површина.
– Точно е дека не се зборува за развод. Ако нешто се случило на тој спорен ден, двајцата се доволно зрели сами да ги решат проблемите што ги имаат. И двете се ќерки на прво место, најважно им е што се добро, а и Атина и Ника се во блиска врска и со мајката и со таткото. Бидејќи се веќе големи и можат да следат што се пишува, пред се Јелена и Душко сакаат да ги заштитат од сензационалистички написи – открил извор близок на славната двојка.
Иако Душко привремено се иселил од семејниот дом поради забраната за приближување кон Јелена, се чини дека наскоро ќе се склучи примирје, а брачниот однос на грижливите родители ќе остане недопрен.
Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ вчера сподели неколку интересни фотографии и така ја откри атмосферата во семејната вила на Дедиње по конфликтот.
Таа прво објави видео на кое се забавува во пространиот снежен двор, а на снегот нацрта насмеано лице.
Имено, помалата ќерка на Душко и Јелена, Ника ја споделила својата рутина за „убавина“ со своите придружнички на профилот на „ТикТок“. Воедно, таа откри дека страстите во вилата на Дедиње се смириле, дека животот продолжил да тече нормално и дека барем како што изгледа засега, наскоро се ќе се врати во нормала.
За потсетување, Душко Тошиќ вчера го славеше својот 37-ми роденден, а сите ја чекаа реакцијата на неговата сопруга Јелена Карлеуша.
Имено, насилството кое се случи на Божиќ, кога Душко наводно и удрил шлаканица на сопругата Јелена, ја шокираше јавноста која будно го следеше секој чекор на познатата двојка. И сега сите чекаа дали Јелена ќе реагира по одреден период на молк и јавно ќе му го честита роденденот на сопругот. Но, имајќи го предвид наводниот инцидент и заладените односи меѓу пејачката и фудбалерот, кому му беше забрането да и се приближува на Јелена, нејзината честитка годинава изостана.
Роденденот на Душко Тошиќ, судејќи по објавите на „Инстаграм“ му го честитаа пријателите, а Јелена отпатува за Дубаи каде викендов ќе одржи концерт.
Како што тврдеше извор близок на парот, наводно Јелена сакала во Дубави да биде со нејзиниот сопруг, за да ги смират страстите но по се изгледа тој не се согласил. Наводно Јелена е спремна на се само за да го спаси бракот.
– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко.
– Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена многу издржа на својот грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние пријателите сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – заклучува изворот.