Кафе муабет

Дорис Драговиќ и нејзиниот сопруг прославуваат 32 години заедништво: Пејачката ја откри тајната на среќниот брак

Заљубени се како шрвиот ден...

Сплитската пејачка Дорис Драговиќ на својот официјален Фејсбук профил на посебен начин ја извести јавноста дека одбележува 32-годишнината од бракот, со својот сопруг.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Таа и Марио Будимир се венчаа во црквата Св. Анте на Пољуд на 28 април 1990 година а од нивната љубов се роди синот Борна.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

– Љубов, припадност, пред се трпение, душевен мир, доверба, нежност, решителност – и сето тоа е само дел. Има уште многу но не би собрало во овој пост. Можеби тоа е убавината. 28.04.2022 – 32 години љубов.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Ова го напиша Дорис Драговиќ на својот официјален Фејсбук профил, откривајќи ја тајната на нивниот долг брак. Покрај тоа, таа ја објави и насловната страница на тогашниот магазин Топ, на која се гледаат таа и нејзиниот сопруг Марио Будимир и нивната фотографија од свадбената прослава на 28 април 1990 година. На денот на венчавката таа носеше бела венчаница и вел, додека нејзиниот сопруг беше елегантен во црн костум со машна.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Парот се запознал една година пред венчавката, а подоцна откриле дека првата средба се случила во новоотворено кафуле на плажата Обоена во Сплит и дека веднаш си се допаднале:

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

„Луѓето би рекле, љубов на прв поглед. Би додала дека не постои, бидејќи на прв поглед има само симпатии, а сите убави нешта наречени љубов, се случуваат полека подоцна, низ времето“, призна некогаш познатата пејачка.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Иако се заедно од 1990 година, сепак Дорис и поранешниот ватерполист Марио Будимир, ретко се појавуваат заедно во јавноста и ретко објавуваат заеднички фотографии.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Неодамна таа сподели ретка фотографија а во описот напиша како се чувствува покрај својот сопруг.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

– Ти си маж за мене, јас сум жена за тебе, ти си моја песна и рамо за плачење! И песната и љубовта траат од 1989 година, напиша таа покрај фотографијата со која и означи дека се чувствува сакана.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

„Прекрасен пар“, „Вистинска љубов“, „Убави“, „Убаво е што ве гледам заедно“, се само дел од многуте коментари под фотографијата која собраа повеќе од три илјади лајкови.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Дорис и Будимир се запознале во 1989 година додека таа сè уште била пејачка во подем, а тој бил млад и перспективен ватерполист.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

Тие се заљубиле на прв поглед и се венчале на 28 април 1990 година во Сплит, а истата година го добиле единственото дете, синот Борна.

фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ
фото Фејсбук/Дорис Драговиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close