Кафе муабет
ДОЛГО МОЛЧЕА ЗА ОВАА ТАЈНА! Откриена ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА КАРЛЕУША И КАРИЌ СЕ РАЗВЕДОА:
Ова е вистинската причина...
Ќерката на Хафа и Драгомир Кариќ вели дека без разлика што разводот на Јелена и Бојан бил бурен, таа сепак има добро мислење за неа.

– Сигурно не се омажила за пари со него, туку се сакале. Има девојки кои за пари сакаат да ни се придружат на семејството, но Јелена не е една од нив. Многу добро се согласував со неа, ми беше една од омилените снаи. Карлеуша е многу љубезна и фина личност приватно, секогаш ми покажуваше почит, немам ништо лошо да кажам за неа. Имав убаво мислење за неа и го имам сеуште – истакнува Даниела.

На прашањето дали другите членови на познатата династија ќе и замерат што ја фали поранешната снаа, таа одговара:

– Како семејство многу се сакаме и се држиме заедно. Сепак, секој од нас има право на свој став и мислење.

Наследничката на богатата империја потсетува дека и таа самата се разведе од Никола Мартиќ, па затоа е свесна дека само Јелена и Бојан знаат зошто им пропадна бракот.

-Милиони луѓе се разведуваат, тука не гледам ништо чудно. Очигледно не беа еден за друг, бидејќи среќата ја најдоа во новите бракови, таа со Душко, тој со Маша. Мило ми е што и двајцата го најдоа својот пат и љубовта. Премногу помпа се крена околу нивната врска без причина. И јас бев во брак, па се разведов. Сè е за луѓе- смета Даниела, братучетката на Бојан.


Инаку во последно време бракот на Јелена и Душко е проследен со голем скандал. Имено пејачката на Божиќ го пријавила за семејно насилство, а пред неколку дена со своите наследнички замина во Дубаи.

Душко го прослави 37-миот роденден во друштво на своите пријатели, додека сопругата со ќерките ужива во топлите краишта.



Во меѓувреме како бом-ба одекна и веста дека Душко е во врска со Софија Сашиќ.


По овие написи не се огласија ниту Софија, ниту Душко а во оваа прилика прв даде изјава нејзиниот татко, пејачот Жељко Сашиќ, кој се зачудил кога го слушна прашањето. А потоа се огласи и мајката на Софија, Соња, која за Informer.rs истакна дека информацијата за врската на нејзината ќерка со фудбалерот била нечија невкусна шега.


Подоцна за Информер проговори и Софија Сашиќ:

– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.


Очигледно блогерката не сакала да ја потврди врската со фудбалерот, а што ќе се случува понатаму ќе покаже времето.
