Новости
Доктор Шеклер ги разреши сите дилеми- новиот вид на вирусот ги напаѓа децата, открива зошто некои имаат потешки симптоми!
Посочува дека до сега нема информации за појава на бразилскиот вид на коронавирус во Србија...
Сите вакцини се повеќе или помалку ефикасни. Јас ги кажувам фактите, не сум ниту против ниту за вакцинирање. Ја споменав третата доза и ја поврзав исклучиво со кинеската вакцина. Нивната вакцина „покачува“ антитела најспоро, рече д-р Шеклер вирусолог и микробиолог зборувајќи за вакцинацијата.
Имено Шеклер за Србија Данас, изјави дека некои деца можат да развијат потешка клиничка слика, но дека тоа се исклучоци.
– Поединци да. Не смееме да заборавиме дека постојат и генетски предиспозиции. Секогаш има некој кој е почувствителен и некој кој е помалку чувствителен на вирусот- рече Шеклер.
Посочува дека до сега нема информации за појава на бразилскиот вид на коронавирус во Србија.
– Не знам, не можам да го знам тоа. Во моментов нема позитивни примероци на бразилскиот вид. До сега го испитувавме британскиот вид, така што повеќе не нè интересира – истакна Шеклер.
Тој додаде дека вирусот се обидува да се промени со цел да не зарази и дека ќе биде сè послаб и послаб.
Новите видови на вирус, како британскиот, се позаразни за децата…
Пред извесно време д-р Оливера Остојиќ директорка на Детската болница на КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ истакна дека новите мутации на вирусот се позаразни за децата.
Иако досега се сметаше дека Ковид-19 ги напаѓа повозрасните, сепак последните истражувања говорат дека постои опасност од вирусот и за најмладите, особено за тинејџери. На оваа возраст во Србија се пријавени повеќе пациенти со билатерална пневмонија и умерени клинички манифестации.
Д-р Оливера Остојиќ, тогаш истакна дека 25 заразени деца се лекуваат во таа институција, или 40 проценти повеќе отколку во март. Таа рече дека зголемениот број на пациенти со симптоми на ковид се претежно погодени од новите мутации на вирусот корона.
– Очигледно е дека новите мутации ги напаѓаат децата. Најкритичниот пациент со билатерална пневмонија има 15 години – рече д-р Оливера Остојиќ.
Затоа е очигледно дека новите видови на вирус, како британскиот, се позаразни за децата, но исто така и дека тинејџерите почесто се разболуваат затоа што помалку се придржуваат до мерките.
Оливера вели дека во моментов најзагрозени се тинејџерите и помладите адолесценти, а во болницата со која управува има најмногу пациенти на возраст од 15 и 16 години. Тие развиваат билатерална пневмонија типична за Ковид.
– Добиваат билатерална пневмонија бидејќи се развиваат во зрели личности, односно нивниот организам се развива и оттаму тие имаат посериозна клиничка слика. Британскиот вид е многу доминантен и, грубо кажано и е поподложен на помлада популација отколку порано- вели д-р Остојиќ.
– Од појавата на овој мутиран вид, децата се разболуваат почесто и повеќе. Во моментов, 40 до 50 проценти од вкупниот број на деца во клиниката се тинејџери, а 20 до 30 проценти се бебиња. Најмалку деца има од градинка и предучилишна возраст, што се покажа како безбедна зона – посочува д-р Остојиќ.
– Имаше случаи кога кислородот беше неопходен и тоа траеше неколку дена, но немаше случаи кога беше потребен респиратор. Се надевам дека ќе остане така и со овој мутиран вид. Сепак, иако постарите деца развиваат посериозна клиничка слика, тоа не е опасно по живот – истакнува д-р Остојиќ.
На прашањето дали треба да се вакцинираат и деца, д-р Оливера Остојиќ потсети дека вакцините искорениле многу опасни болести и затоа педијатрите секогаш се залагаат за имунизација со цел да се спречат болести и ширење на инфекции.