Кафе муабет
ДОКТОР СОФИЈАНОВА: ИМАМ МОРАЛ ВО СЕБЕ И ПОДОБРО ШТО СИ ДАДОВ ОСТАВКА
Докторката искрена: Не знаев дека ме снимаат, сето тоа ми дојде зад грб...
Доктор Аспазија е родена во Скопје во 1965 година. Основно и средно образование завршила во Скопје, а матурирала во САД.
Медицинскиот факултет во Скопје, го завршила во 1990 година со просек 9,37.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
На ЈЗУ Универзитетска Клиниката за детски болести во Скопје е вработена од 1991 година. Специјализацијата по педијатрија ја започнала во 1993 година и ја завршила во 1997 година по што е распределена на Одделот за интезивна терапија и лекување.
За асистент по предметот педијатрија е избрана 1998 година.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
По завршувањето на специјализацијата ја продолжува својата едукација на одделот за интензивна терапија при Клиничкиот центар во Љубљана 1999 година ,каде учествувала во работата на интензивниот третман кај тешко болни новородени,со посебен осврт на механичката вентилација при лекувањето.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
Од 2003 година го воведува неонаталниот ургентен транспортен центар кој овозможува транспорт на критично болни деца од целата земја и регионот.
Магистерскиот труд под наслов “Евалуација на методи со брз одговор за докажување на инфекции, од областа на неонатологијата и интезивната нега и терапија” го одбранила во 2004 година.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
Во 2005 година прогласена е за Национален едукатор за континуирана медицинска едукација во областа на перинатологија-неонатологија.
Во 2011 година е назначена за раководител на Одделот за интезивна терапија и лекување. Докторска дисертација под наслов “Рана детекција на церебралното оштетување-С100Б протеин во биолошките течности нов метод во неонаталната медицина” ја одбранила во 2012 година. Именувана е за ВД Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје во Март 2012 година.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
На 21 година веќе ја имала нејзината поголема ќерка , Марија. Две години подоцна ја добила и втората ќерка, Анастасија.
Од неодамна, докторката стана мета на критики во јавноста после објавените снимки од Клан Тв.
Таа си поднесе оставка од функцијата директор, а во нејзиното прво телевизиско обраќање после оставката искрено зборува за се’ што се случуваше во изминатиот период.
Сметам дека како прво сум лекар и како лекар треба највеќе да им се најдам на децата, порача поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова, во вечерашната Топ Тема на Телма, запрашана за оставката.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ЈАВНОСТА ДА ЗНАЕ ДЕКА СИГУРНО ДВЕТЕ РАБОТИ КОИ ШТО СЕ СЛУЧУВАА, ОСОБЕНО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КАКО ПОЧНАА ДА ПЛЕТАТ МРЕЖА ОКОЛУ ТОА ШТО СЀ СЕ СЛУЧУВАЛО, КАКО СЕ СЛУЧУВАЛО, ОД ДРУГА СТРАНА ЈАС ИМАМ МОРАЛ ВО СЕБЕ И СМЕТАВ ДЕКА ПОДОБРО Е ДА ДАДАМ ОСТАВКА. ТОА ШТО ГО НАПРАВИВ ДАЛИ Е ПОДОБРО ИЛИ ПОЛОШО ЌЕ ПОКАЖЕ ВРЕМЕТО, РЕЧЕ СОФИЈАНОВА.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
Екс директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова во гостување на Телма кажа дека не знаела дека новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу ја снима.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
Таа кажа дека отпосле сфатила дека ја снимиле. Вели дека сето тоа што ги видела документите со нејзини лични податоци, нејзе ѝ дошло зад грб. Софијанова кажа дека открила од каде документите се нашле во рацете на новинарот.
Фото:Фејсбук/Аспазија Софијанова
За документите рече дека новинарот ги добил на незаконски начин.
Кажа дека имала понуди да работи на друго место за повисока плата, но вели Клиниката за детски болести е нејзин живот.