Дом и семејство
Доживеала клиничка cмpт при царски рез – застрашувачка исповед на една мајка!
Нејзиниот страв, се покажа дека можеби и бил оправдан затоа што доживеала клиничка см-рт при раѓање, која траела 37 секунди...
Животната приказна на Стефани Арнолд е застpaшувачка.
Имено таа е мајка која за време на породувањето доживеала клиничка см-рт за која јавно прозбори а откри и дека за цело време додека била бремена имала лошо претчувство и се плашела дека ќе ум-ре за време на породувањето.
Нејзиниот страв, се покажа дека можеби и бил оправдан затоа што доживеала клиничка cм-рт при раѓање, која траела 37 секунди.
Според нејзиното искуство, снимен е документарецот „Преживеана cмpт“, а Стефани објасни дека клиничката см-рт настапила поради состојба наречена плацента превиа, односно предната плацента, што може да предизвика големо кpвapeње.
Таа раскажа се што се сеќава од моментот кога ја подготвиле за царски рез.
– Ми ставија завеса пред лице и ме подготвија за царски рез. Го извадија Џејкоб, здрав и среќен. Неколку секунди подоцна, моето срце застана. Сè одеднаш беше како 3Д филм, го гледав моето тело од горе, и покрај моето тело, можев да видам сè што се случуваше во операционата сала.
Таа исто така опиша што се случувало околу нејзиното тело во тоа време.
– Видов анестезиолог како стои пред моите нозе. Видов медицинска сестра како скока на моите гpaди за да се обиде да ме оживее.
Стефани вели дека во тој момент не ги доживеала просторните димензии на ист начин, односно дека немало тавани или sидови.
– Сè само се движеше наоколу во различни насоки.
Таа исто така вели дека ги видела својата ќерка и нејзината баба од другата страна на болницата.
– Секаде гледав духови – баба ми која почина кога имав десет години. Се појави и мојот брат. Последното нешто што го слушнав беше како докторот Левит и вели на Џули- „Не, ова не може да се случи, не може да се случи“.
Таа додава дека почувствувала нешто како силен притисок врз нејзиниот стомак пред „да се врати во своето тело“.
Поради компликациите што се случија, Стефани беше во индуцирана кома шест дена, и нејзините бубрези исто така почнаа да слабеат. После тоа, таа мораше да учи да оди и да зборува, и ова искуство, како што вели, оставило голем белег во нејзиниот живот.