Новости

“Додека во раце го држев своето прво дете, го изгубив второто”: Шокантна исповед на Меган Маркл која ќе ве раслаче!

Меган за прв пат јавно прозборе за загубата на детето

Уште на почетокот на летото се шушкаше дека Меган Маркл и принцот Хари очекуваат второ дете.

Се до сега тоа се држеше во тајност, а парот не говореше ништо на оваа тема.

39 годишната актерка, реши конечно да прозбори за траумата и загубата која ја доживеале, па ја шокираше јавноста со информацијата дека го изгубила своето второ дете.

Меган сега откри дека навистина била бремена, но го изгубила бебето во јули.

Во изјава за Њујорк Тајмс, Меган ја потврдила веста за спонтаниот абopтус и започнала со својата трогателна исповед.

-Тоа беше, едно обично јулско утро. Се разбудив, ги нахранив кучињата, ја исчистив облеката и боичките на Арчи, ја врзав косата и го земав  Арчи од лулката. Потоа му ја сменив пелената, и почувствував силен грч. Знаев дека нешто не е во ред. Паднав на подот заедно со Арчи во моите раце, веднаш почнав да пејам приспивна песна за да го смирам него но и себе. Веселата мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред “, продолжи таа.

„Знаев, додека го држев во раце првото дете, го изгубив второто …

Актерката вели дека по загубата биле скршени од болка, и признава дека не знаела како ќе се соочат со таа трагедија.

Неколку часа подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Го почувствував мирот што ми го донесе неговата дланка, ги бакнав зглобовите, кои беа влажни од моите и неговите солзи.

„Бев“ загледана во белите sидови, се обидував да смислам како би можеле да се излечиме после ова“, истакна Меган во својата шокантна исповед.

Инаку Меган Маркл многу ретко се појавуваше во јавноста откако за време на пандемијата разнесуваше храна во Лос Анџелес.

Таа речиси и да не излегува од домот, но пред неколку месеци неколку нејзини фотографии го скренаа вниманието на јавноста, кога всушност и започна да се шушка дека таа е бремена.

Токму и затоа откако Меган и нејзиниот сопруг беа заедно „фатени“ во близина на една приватна клиника, почнаа да се шират гласините дека очекуваат второ дете а оваа нејзина комбинација уште толку ги заинтересира фановите.

-Посебно внимание привлече изборот на модната комбинација што ја носеше Меган, односно прозрачниот широк фустан од кој не може да се види дали навистина го крие стомакот или не, стоеше тогаш на насловните страници во медиумите.

После сите овие написи во медиумите, и тешките месеци Меган конечно прозборе и ја потврди веста за бременоста, но за жал го изгубила бебето.

Пред извесно време и извор близок на кралскиот пар за странските медиуми изјави дека меѓу нив владее екстремна напнатост и дека воопшто не се снаоѓаат со новиот живот што го имаат во Лос Анџелес.

Наводно Меган во последно време станала многу тивка, се оддалечила од пријателите и била интровертна.

 

Принцот Хари пак го мачат лошите односи со семејството, а ваквата ситуација кај нив трае некаде од роденденот на Хари. За тоа најверојатно допринесе и тоа што Меган ставила точка на некои од своите стари пријателства, а многу ретко комуницира со најблиските луѓе, заради што и е посебно тешко, особено што сега нема на кој да му верува.

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close