Дом и семејство
ДОБИЈА МНОГУ КРИТИКИ ПОРАДИ ОВА: Родители решиле детето само да го одреди својот пол- по четири години одлучи да биде момче!
Овие родители сакале детето само да го одреди полот...
Д-Р Кајл Мајерс и нејзиниот сопруг Брент добија дете пред четири години.
Тие се малку поинакви родители според своите сфаќања, а можеби и први кои одлучиле да не го одредуваат неговиот пол по породувањето туку оставија детето само да одлучи на кој пол припаѓа.
Тие му го дадоа името Зумер, а не им ги открија гениталиите на луѓето кои не требаше да го знаат тоа и решија да го пуштат своето дете, кога ќе порасне, само да се изјасни дали е машко или женско.
“Користевме неутрални заменки сè додека детето едноставно не можеше да ни каже што најмногу му одговара. Зумер продолжува да учи и истражува по пол без стереотипни очекувања или ограничувања”, вели Мајерс.
Во една статија за Тајм, таа објасни:
“Зумер разбира дека некои девојчиња имаат пениси, а некои момчиња вулва. Тој исто така знае дека некои деца имаат вулва и тестиси. За него исто така е јасно дека некои татковци можат да забременат. Кога некој лик во детска емисија вели:
” Здраво, Момчиња и девојки! ‘ Зумер додава: „И небинарни пријатели!“ “ Д-р Кајл верува дека полот е одлука на поединецот, а не нешто што е одредено со раѓањето. Зумер започна да се опишува себеси како момче околу неговиот четврти роденден, но претпочита полово неутрални термини како „дете“ или „браќа“ наместо „брат и сестра“.
>„Зумер избира облека и играчки според она што го сака без да обрнува внимание на родовите граници создадени од маркетинг тимовите“, објасни таа, додавајќи дека постојат примери за вознемирување преку Интернет и засрамувачки коментари но повеќето од нив ги поддржуваат.
Кајл води блог преку кој информира за родово креативно родителство за возрасни и деца.