Кафе муабет
Доаѓа бебе: Само една година по разводот Данијела сподели среќни вести- семејството се проширува
Ќе стане тетка по втор пат...
Во медиумите како бомба одекна веста дека манекенката Данијела Димитровска и водителот Огњен Амиџиќ по десет години ставија точка на бракот.
Минатата година беше многу стресна за манекенката но изгледа се навикнува на животот по разводот.
Неодамна како гостин во една емисија со солзи во очите зборуваше за разводот и откри непознати детали од бракот со Огњен.
Откри дека се започнало со љубов и дека кога ја донела одлуката за развод почувствувала дека мора повторно да научи да оди.
Димитровска си ја отвори душата гостувајќи во „Реална приказна“ и ги откри деталите кои јавноста ги очекуваше.
– Никогаш не ми беше целта да се омажам туку така, но кога се случи љубовта, сакав да создадам бајка за себе. Кога сте дел од бракот на некој начин делите сè на половина, но потоа кога ќе одлучите дека не сакате повеќе да бидете дел од него, тогаш се чувствувате како да треба повторно да научите да одите. Но морам да напоменам дека имаше многу кризи – рече.
Манекенката најпрво ги коментираше пишувањата во медиумите, па рече дека такви работи не и пречат.
– Доброволно влегов во јавниот свет. Затоа, луѓето имаат право да пишуваат за сето ова. Не можам да очекувам луѓето да не се грижат. Дури и мене ме интересира нечиј живот од време на време, па читам. Мене ми е тоа океј, особено ако навистина се случи, како што беше во мојот случај – рече Димитровска.
Не долго потоа, таа подетално зборуваше за тој период, велејќи дека за неа тоа било како см.рт, само без да ум.ре, односно дека и тоа како боли:
– Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во најтесниот круг на моите пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е см.рт без ум.ирање. Навистина боли, кога ќе умреш тоа е крајот, а ова боли. Се додека не го снема, боли, и никогаш не знаеш кога ќе престане, нема потпишана хартија за тоа. Се е до правото на избор и фала му на Бога затоа што ние имаме право да избереме со кого да се омажиме, разведеме итн.
– Тоа е одлука која се подготвува долго време. Потекнувам од патријархално семејство, моите родители се заедно 37 години. Ми требаше долго време да донесам одлука за развод, но кога го направив тоа, бев сигурна. Јас и мојот поранешен партнер сме во добри односи поради детето. Се разбира, не е пријатно кога секој има право да го коментира тоа, но сама го дозволив тоа затоа што се занимавам со јавна работа, истакна Данијела.
Сега убавата манекенка на својот Инстаграм профил се пофали со убави вести и откри дека има повод за славење.
Семејството на Даниела наскоро ќе биде проширено за уште еден член. Имено, нејзината сестра Ивана е бремена и по втор пат ќесе оствари во улога на мајка.
Сестрата на Данијела Димитровска по професија е психотерапевт, има едно дете и во 2017 година му кажа „да“ на човекот на нејзиниот живот.
Среќната вест ја објави вчера на својот Инстаграм профил и ги воодушеви сите нејзини следбеници.
На витката фигура и извајано тело на Ивана и позавидуваат речиси сите жени, а на фотографијата на која се гледа само малиот труднички стомак накратко напиша:
„Бебе….Доаѓа“.
Даниела беше една од првите која ја коментираше фотографијата на нејзината сестра, пресреќна бидејќи нејзиниот син Матија ќе биде постар братучед.