Кафе муабет
„Доаѓаат од сиромашни семејства, ќе добијат песна, стануваат ѕвезди, па не ве познаваат“: Поповиќ брутално за кандидатите на “Ѕвездите на Гранд”
Секој втор пејач е таков...
Во популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се прославија бројни пејачи и пејачки, кои сега имаат успешна кариера.
Саша Поповиќ со години е на чело на Гранд, а често го нарекуваат и естраден магионичар поради неговите вештини во овој бизнис.
Во текот на долгите години колку што трае ова музичко натпреварување, Поповиќ беше сведок на секакви ситуации и се сретна со илјадници кандидати.
Саша Поповиќ сега се наврати на соработката со пејачите и ги коментираше негативните аспекти на популарноста на младите изведувачи.
„Ѕвездите на Гранд, тоа ви е чудо, тоа морам да ти го кажам“. Кога правам аудиција и кога тие се појавуваат за прв пат, а тоа имавме можност да го видиме милион пати на телевизија, тие доаѓаат од којзнае кои места, села и слично, а многу од нив потекнуваат од сиромашни семејства. Потоа, јас правам кастинг за „Ѕвездите на Гранд“, тој го минува првиот круг, го минува вториот, се тресе: „А, директоре, ќе го направам ли ова, ќе го направам ли тоа“, тој оди во финале, поминува, добива а песна и веќе стана популарен сега почна да заработува нели? После година- две веќе не се ни јавува на телефон, после се однесува како ѕвезда, не можеш повеќе ни да разговараш со него“, изјави Саша Поповиќ за „Премиера“.
Тој додаде дека тоа не се ретки случаи, и дека речиси секој втор пејач е таков откако ќе постигне успех.
Саша во 2004 година го започна најгледаното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ кое роди многу ѕвезди.
-Станови, кафеани, коли, куќи, сите ги обезбедивме. Направивме албуми за Славица Чуктераш, како и за Тања Савиќ, која мислам дека има најмногу хитови. Заработивме пет пати повеќе од нив отколку што заработија тие од нас – вели музичкиот експерт, кој е задоволен од успехот на секој натпреварувач:
– Најубаво ми е кога ќе ми кажат: „Директоре, се оженив, добив дете, купив стан, автомобил, ресторан…“.