Дом и семејство
Дијана објави шокантни вести: “Операцијата на Новак беше неизбежна”- кога го посетила не можела да поверува што и зборува
Разочаран, истакнал дека се изневерил самиот себе...
Мајката на Новак Ѓоковиќ се присети на еден исклучително тежок период од животот на нејзиниот син кој пред неколку години мораше да ја оперира раката, а деталите за се што му се случи ги опиша во едно од ретките телевизиски интервјуа на Марина Рајевиќ „Додека спијат ангелите“.
Она што го кажа Дијана Ѓоковиќ најдобро ја опишува силата и карактерот на најдобриот тенисер во светот.
– Новак постојано е во потрага по нови сознанија. Нешто што не ни е достапно, не е блиску. Заинтересиран е за исхрана, терапии, алтернативни методи. Тој не е приврзаник на класичната медицина, што веќе е познато, но имаше еден период кога мораше да се оперира – ја започна својата исповед мајката на Новак Ѓоковиќ и истакна дека Ноле се обидел да избегне операција се додека тоа не станало неизбежно.
-Кога се разбуди од анестезијата ми кажа дека се изневерил себеси. Му објаснив дека го направил тоа што требаше да го направи и дека ако сака да продолжи да игра, тоа е неопходно. Се обиде со алтернативни методи, се што му беше достапно, но ништо не функционираше. Новак едноставно е против тоа, не сака ле-кови, не сака да внесува ништо во телото. Љубопитен е, чита се што ќе му падне при рака, се образува…
И таа исхрана, не знам дали би ме задоволила мене или некој друг, но нему му одговара. И не можам да кажам ништо, бидејќи ми ја затвори устата со неговите резултати. Тоа што сме навикнати на месо и веруваме дека тоа е единствен извор на протеини, докажа дека не е – изјави мајката на Новак Ѓоковиќ.
Токму во тој период Новак почнал да се повлекува во себе.
Неодамна во јавноста излезе веста дека Јелена Ѓоковиќ досега три пати го напуштила Новак, односно размислувала за тоа, а за да ги надминат кризите во бракот им помогнала ни помалку ни повеќе, туку мајката на Новак, Дијана.
– Јелена никогаш не помислила да замине засекогаш, но имала фази кога веќе не можела да се носи со падовите на Новак и периоди кога тој се повлекувал во себе, па не можел да најде излез – вели извор за „Скандал! и додава:
– Покрај куќата, децата, брачните обврски, водењето на фондацијата, бизнисот, јавноста, таа имаше и подеми и падови со Новак. За време на повредата на лактот, им беше најтешко. Токму во тој период имаше серија порази и многумина го критикуваа. Новак се повлекуваше, не знаеше како да се справи со притисокот на јавноста. Јелена се трудела да го вразуми на разни начини, деноноќно разговарала со него барајќи начин да го врати на патот на успехот, но тој тогаш немал сила. Тоа ја погоди, па му рекла дека ќе си замине и дека нема да се врати додека повторно не се врати стариот Ноле- вели изворот и открива кој помогнал и покрај се да преживее бракот на Новак и Јелена.
-Дијана навреме го почувствува тоа, па беше клучна во решавањето на проблемот. Тогаш многу и помагаше на Јелена околу децата и другите обврски, но и секојдневно ја бодреше. Низ солзи и повторила:
„Ајде не паѓај, мора да издржиш, на крајот се зависи од нас жените. Само биди со сопругот и се ќе биде добро. Жената е столб на семејството , ако падне се паѓа.Замисли низ што требаше да поминам додека бевме под кирија и морав да се справам со сопругот и децата и да се борам да преживеам, окупирајте се со тоа што ќе го задржите вашето семејство заедно и сите вие да ги надминете овие тешки моменти заедно“, наведува изворот.