Новости

Дино Мерлин искрено за своите деца: Многу сум горд на нив, сами го одбраа својот пат и се школуваа!

Децата на пејачот воопшто не се експонираат во јавноста

Дино Мерлин важи за еден од најпознатите пејачи на Балканот.

 

 

Босанскиот пејач зад себе има многубројни хитови, а неодамна ја објави и песната „Ние“ која за релативно краток период доби повеќе од седум милиони прегледи.

 

 

Неговите песни едноставно се безвременски, но ги слушаат и млади и стари.

Тој во една прилика истакна дека особено е горд на тоа што има и многубројна млада публика.

 

 

– Многу ми е драго што и по толку години на музичката сцена, успевам во тоа да ме слушаат и младите. Навистина се обидувам да бидам чекор со времето и овие бројки го покажуваат тоа, многу ги поздравувам сите и сум им многу благодарен! – рече Дино преку Скајп приклучувајќи се во живо во шоуто „Ас на единаесет“.

 

 

Дино Мерлин открива дека сиве овие години на музичката сцена го трасирал својот пат. Истакна дека за него нов е зборот тренди, бидејќи сега се обидува да биде во чекор со модата однсоно со она што е моментално во тренд.

 

 

– Јас сум на сцена повеќе од 35 години и тогаш беше некое друго време. Сега е сосема поинаку. Мојата публика ме почитува а и јас неа, па затоа мора постојано да бидете во тек – изјави тој.

Дино Мерлин за прв пат открива дека е премногу горд на своите деца. За него како што вели најважно е неговото семејство а особено е горд на тоа што нговите деца сами си го одбрале својот пат во животот.

 

 

– Многу сум горд на моите деца кои сами го избраа патот и тргнаа на училиште. Знам што се важни и кои се неважни работи во животот. Отсекогаш сум се обидувал да им се допаднам на многумина но не на сите. Јас секогаш се трудам да бидам солидарен со луѓето, секако бидејчи сум доста популарна личност сакам и да придонесам. Ако можам некому да помогнам на кој било начин – тука сум – рече Дино Мерлин.

Инаку Дино мерлин веќе 29 години е во брак со својата сопруга Амела со која има две деца.

 

 

Неговата љубовна приказна со неа е посебна а тој на неколку наврати  изјави дека тоа било љубов на прв поглед.

Сепак, не било се од самиот почеток толку идилично бидејќи нејзините родители се противеле на нивната врска – тој тогаш бил млад и без перспектива. Но на крај – нивната истрајност победува.

 

 

Тие ги имаат синот Хамза и ќерката Наида кои се плод на нивната љубов.

 

 

Наида се занимава со информатички науки и гради интернационална кариера, а може да е пофали со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.

Синот, Хамза Дервишхалиловиќ има 28 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул.

 

 

Пејачот многу ретко зборува за своите деца и нивните успеси, но во една пригода истакна дека неговата ќерка не е заинтересирана за материјални работи, односно дека е приземна и вредна девојка, а Хамза иако не е пред камерите, тој е во тимот на луѓе кој учествува во сите проекти кои се поврзани со неговиот татко.

 

 

– Материјалното не ја интересира Наида, за разлика од нејзиниот помал брат. Кога Хамза се роди, немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа јас и Амела да му овозможуваме се што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека да ја завршам реченицата, туку има листа со порачки, за разлика од неговата сестра која се роди кога ја почнував кариерата и во детството доживеа се – од немаштија до метафорички речено, „кавијар и шампањско“.

 

 

Навикната е на скромен живот, па и нејзиниот одговор на моето прашање – што да ти донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: „Ти благодарам тато, имам се, само побрзо врати се дома“, раскажа Дино во едно интервју.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close