Кафе муабет
Денес е една од најубавите старлети: Сакала да изгледа како барбика, нема да верувате каква била Ана Кораќ пред десет години
Неодамна стана мајка...
Старлетата Ана Кораќ пред неколку дена се породи во приватна клиника и роди момче. Ана и нејзиниот син моментално се сместени во специјален апартман на болницата.
Старлетата на пошироката јавност и стана позната за време на учеството во реални шоуа.
Кораќ вложи многу пари во својот изглед, кој драстично го промени од почетокот на својата кариера.
Познато е дека вградила силикони во градите и задникот, а освен тоа направила корекција на усните и носот.
За да го задржи својот изглед, старлетата мора редовно да прави дополнителни интервенции кои чинат 5.000 евра.
„Мојата операција беше кога имав 20-21 година. Три пати ги правев градите, го криев тоа од мајка ми, таа е домаќинка. Таа е вистинска семејна жена и тоа за неа е ненормално и неприфатливо. Му кажав на татко ми за операцијата, кога мајка ми дојде и виде што направив, никако не можеше да прифати“, изјави тогаш Ана за „Курир“.
Старлетата своето тело го препуштила во рацете на познатиот турски хирург пластичар Селкука Јазан, кој и го препорача нејзината најдобра пријателка, Сораја Вучелиќ.
„Ана постојано наоѓа некои мани на себе, па повторно ги коригираше очите и носот. Нејзина голема желба и е да изгледа како барбика, и таа нема да се откаже, се додека не дојде до посакуваниот ефект“, изјави во една прилика за порталот „Информер“ извор близок до старлетата.
Според овој извор, а како што пренесува порталот, Кораќ во Истанбул направила уште една корекција на очите, како би ги закосила и би го добила таканаречениот ефект „мачкини очи“. Докторот Јазан е еден од најпознатите „пластичари“ во Турција, а Кораќ неодамна стана заштитно лице за неговата клиника, па затоа последните зафати не ги ни плати.
„Сакам да му се заблагодарам на најдобриот доктор на светот што токму мене ме избра да бидам заштитно лице на најдобрата и најпрестижната клиника во Турција и ширум светот. Ви благодарам на укажаната доверба“, напиша тогаш Ана Кораќ на својот Инстаграм.
Се зборуваше и дека Ана наводно отишла на операција за теснење на струкот каде и биле извадени ребрата, а за тоа „задоволство“ платила дури 7.000 евра, а сега со серија нови фотографии во златен фустан покажа колку совршено изгледа нејзиното тело.
– Ана отсекогаш сакала да има бујни облини и тенок струк, а еден од мотивите за влез во реалното шоу беше да заработи пари за бројни козметички зафати.
Најмногу заштеди за операцијата на стеснување на струкот, па затоа отпатува во Турција, на клиниката каде работи еден од најдобрите хирурзи за естетика – изјави за „Ало“ извор близок до Ана и објасни:
– Лекарот кој ја оперираше е долгогодишен соработник на Ана, па не беше изненаден од нејзиното барање за тенкиот струк.Не се плашеше, па целосно му се предаде и веруваше дека ќе го постигне резултатот што го посакува. Нејзината желба беше обемот на струкот да биде помал околу пет сантиметри.
– Ниту еден лекар во Србија не изведува ваков вид на операција, поради што Ана се одлучи за Турција.
Еден од најпознатите хирурзи го отстрани последниот пар ребра, а операцијата беше извршена под тотална анестезија.
Закрепнувањето траеше околу две недели, а оваа интервенција чинеше 7.000 евра.
Таа беше во Истанбул за време на постоперативното закрепнување, и успеа да сокрие сè од јавноста, бидејќи во тој период не објави ништо на социјалните мрежи – откри изворот.
Кораќ сега изгледа драстично поинаку во однос на периодот пред операциите.