Кафе муабет

Денес е една од најубавите пејачки на Балканот а еве како изгледаше пред 21 година- буквално го одзема здивот, изгледа заносно!

Ги руши сите предрасуди...

Пејачката Сенида ги изненади своите фанови со новата објава на Инстаграм. Имено, таа се присети на младешките денови и реши да им покаже на обожавателите како изгледала пред 21 година.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

-Првиот ден од летото, 21 година подоцна, напиша таа.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Фотографијата на која заводливо позира во црн костим за капење е направена кога пејачката имала само 16 години.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Обожавателите не ја пропуштија можноста да нагласат дека пејачката и тогаш изгледала многу привлечно, а во коментарите имало и бројни коментари.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Таа денес важи за една од најатрактивните пејачки на Балканот која ужива во своето тело, не се грижи за критиките и одбива да се вклопи во сликата на современото општество …

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида не е класична слаба девојка, но изгледа одлично и нејзините облини одлично и стојат, а оваа фотографија собра бројни комплименти и лајкови.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Таа гордо споделува фотографии во костим за капење, а од она што може да се заклучи, таа не користи никаков филтер за разубавување, па е сосема природна. Со овој потег предизвика низа коментари воглавно восхитувачки.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

„Вака изгледа вистинска жена“, „подобро да љуља отколку да жуља“, „најприродна и најубава жена“, „колку си убава“ – ова се само дел од коментарите кои следеа по објавата.

фото инстаграм/Senida_h

Сенида е се попопуларна на Балканот и таа дефинитивно е една од оние sвезди кои ги поместуваат границите кога станува збор за стилот и женската убавина.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Таа ужва во своето тело, не се грижи за критиките и одбива да се вклопи во сликата на современото општество за тоа како треба да изгледа и да се однесува жената.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

И покрај фактот дека таа е сосема поинаква од сите оние познати домашни убавици, публиката ја обожава и ја смета за олицетворение на сексапил и фаталност.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Убавата Словенка тоа го докажува со секое свое издание.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

На својот Инстаграм профил има 370 илјади следбеници, а нејзините фотографии редовно создаваат „хаос“ на оваа социјална мрежа и предизвикуваат бурни реакции.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида е родена е во Љубљана, а нејзините родители се од Црна Гора.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се дружам со луѓе чии родители се од различни делови на Југославија. Моите се од Црна Гора, одев таму два пати годишно – изјави Сенида, која ретко зборува за својата приватност и потекло.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Моите блиски луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им раскажувам за сè преку музика – изјави еднаш пејачката.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Семејството Хајдарпашиќ потекнува од Бихор од околината на Бијело Поље.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Според медиумите, нивниот предок е Хајдар-паша Селим. Дошол во Бихор со султанскиот берат во 1689 година со двесте коњаници и 1.600. сејмена пешадија. Роден е во Ајвалук, Анадолија. Тој имал задача да ги задуши честите побуни на Србите на таа територија. Потомците на Хајдар Паша се доста бројни и ги има низ цела Црна Гора, Србија, Босна, а многу од нив се преселиле во Турција.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида (34) на музичката сцена се појави во 2010 година со синглот „Пустина“. Долго време и требаше да постигне успех бидејќи „трап“ музиката на овие простори не беше толку популарна. Голем успех доживува дури во 2018 година, кога ќе се појави нејзиниот хит „Слаѓана“, а потоа и албумот „Без тебе“, како и последниот голем хит „Мускули“.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close