Кафе муабет
Денеска е долгоочекуваниот ден за овие 4 хороскопски знаци: Младата месечина ќе ви го промени животот
Многу успех за одредени хороскопски знаци...
Денеска е долгоочекуваниот понеделник, 20 февруари, денот кога небото ќе го осветли Младата Месечина, втора по ред во 2023 година, а овој пат пристигнува во имагинативните и сочувствителни Риби, потсетувајќи нè да се збогуваме со старите проблеми и оптоварувања, охрабрувајќи не да простиме на другите и да престанеме да се грижиме за минатото кое не можеме да го промениме или иднината што не можеме да ја контролираме.
Енергијата на младата месечина е движечка сила и влијае на сите знаци на Зодијакот и секогаш е препорачливо да започнете нешто ново во овој период.
Астролозите велат дека следните четири знаци ќе бидат особено погодени:
Близнаци
Ова е период кога луѓето ќе зборуваат многу за вас – вашата репутација ќе биде голема и ќе бидете барани и популарни во друштво. Може да очекувате и некои одлични вести кои би можеле многу да ви го променат животот. Исто така, ова е периодот кога може да добиете некое неочекувано признание или нова работа/проект, особено ако неодамна сте аплицирале за истото. Вашиот деловен напор и труд конечно ќе се исплатат и може да добиете унапредување или покачување многу порано отколку што очекувавте.
Девица
Ова е периодот кој најмногу ќе влијае на вашите врски, па немојте да се чудите од потребата да ги направите вашите врски многу позначајни. Во принцип, ова се денови кога ќе работите на сите ваши врски, не само на романтичните.
Ќе процените кому можете да верувате, а на кого не, а ќе се занимавате и со проценка како придонесувате за ситуацијата во која се наоѓате. Астролозите советуваат да продолжите да ја проучувате динамиката на вашите врски, бидејќи тоа навистина може да ве доведе до значајни сознанија, особено кога станува збор за некој со кој сакате да поминете извесно време.
Стрелец
Оваа млада месечина ја погодува вашата четврта куќа, куќата на личните работи и домот, што ќе се рефлектира така што сè што се случува зад затворени врати ќе излезе на површина. Ако веќе немате свој дел од светот каде што се чувствувате прифатено и безбедно, можеби треба да размислите некаде да ги оставите своите корени. Ова е периодот кога можеби го реновирате вашиот стан, вршите големо чистење или дури планирате да се преселите! Акцентот секако треба да биде на работата на вашиот дом и на тоа како се чувствувате во него, но и на негувањето на семејните односи.
Риби
Иако Рибите се донекаде срамежливи и интровертни, тие сакаат да бидат забележани и го ценат чувството дека се сакани и ценети такви какви што се. Во овој период ќе бидете во полн елемент, силни и внатре и надвор. Ова е вистински момент да го промените вашиот физички изглед, фризура, метод на шминкање, моден имиџ или нешто друго…
Ова се денови кога ќе сфатите дека повеќе не сте истата личност како порано, но истовремено знаете дека вашиот ризик и доверба во животот се исплателе, станавте помоќна и поинтересна личност.