Кафе муабет

„Дедо Мраз посакувам само едно…“ : Писмото на помалата ќерка на Карлеуша ќе ви го скрши срцето!

Ника напиша писмо до Дедо Мраз...

Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секогаш со своите објави привлекува симпатии.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Имено сега со овој потег Ника Тошиќ ги изненади сите, особено поради тоа што ја покажа својата скромност.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Ника Тошиќ и оваа година му напиша писмо на Дедо Мраз, а за нејзините желби не престанува да се зборува.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Помалата наследничка на Карлеуша, Ника, секоја година пред новогодишните празници му пишува писмо на Дедо Мраз со список со желби. Оваа традиција и овој пат не изостана, а овогодинешното писмо со детални упатства за Дедо Мраз го сподели гордата мајка Јелена на својот „Инстаграм“.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

– Дедо Мраз, Ника ти напиша малку подолго писмо, доби петка по математика, што беше услов – напишала Јелена.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Ника Тошиќ со својата скромност ги воодушевила придружничките на мајка си, бидејќи како девојка која може многу да бара, со извинување издвоила неколку работи кои навистина ги сака:

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

– Извини Дедо Мраз што претерав, но што да правам. Чекав цела година повторно да биде Нова Година – истакна Ника, која најубавите желби ги задржа за деновите резервирани за подароци што, според неа, ги заслужи.

фото Јелена Карлеуша

Во интервју за Ексклузива.ба Јелена истакна дека многу се борела за својот брак со Душко, па иако многумина често пати коментираат како тој е оној кој е “жртва” во бракот, сепак Јелена го тврд спротивното.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените се повеќе за оваа институција, и бракот и семејството. Ние сме такви животни, вели Јелена.

За себе вели дека имала прекрасно детство, но разводот на родителите оставил трага кај неа која сепак успеала да ја насмине. За својата мајка вели дека е хероина и нејзина ѕвезда водилка…

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Бев среќно дете, но не многу разбрана во училишната средина. Се разликував во секоја смисла, од однесување до физички изглед, бидејќи бев многу висока, па како дете создадов дел од својот свет. Цело време пеев, музиката и тогаш ми беше опсесија и ми беше кристално јасно со што ќе се занимавам. Тогаш реков дека е ужасно да си толку мал и да губиш време чекајќи да пораснеш и да станам тоа што сум денес. Мајка ми беше новинарка, татко ми многу успешен во полиција, но многу брзо се разведоа и дополнително ми го искомплицираа детството. Обележана со чудно презиме, пораснав со мајка ми, тетка ми и баба ми, кои ме научија да бидам алфа женка. Мајка ми беше и останува ѕвезда водилка и инспирација на целиот мој живот. Таа го одбележа на најубав можен начин. Доволно ми е да ги затворам очите и да можам и сега сосема јасно да разговарам со неа, рече Јелена.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

За ќерките Ника и Атина вели дека се многу скромни деца кои ги почитуваат останатите.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Сите што ги познаваат моите деца имаат само пофални зборови за нивната скромност и воспитување. Како што Дивна ме научи да бидам ист човек и кон работникот на „Градска чистота“ и кон претседателот, да не бидам материјалист, да имам емпатија кон луѓето и животните, да не ги ставам моите лични потреби во преден план, така ги воспитувам и децата.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Тие се збир на нашите силни и слаби страни. Мешавина на генетика и магија на растење во посебни услови на деца на јавни личности. Но, ќе бидам пристрасна, па ќе кажам дека ова се деца на мама со мали моменти на тато.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close