Кафе муабет
ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА НАПОЛНИ СЕДУМ ГОДИНИ: Роденденските фотографии на принцезата Шарлот го воодушевија светот- се повеќе личи на идниот крал!
Таа е средно дете на принцот Влијам и принцезата Кејт...
Пред неколку дена се кралското семејство го одбележа седмиот роденден на принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ.
Кејт традиционално ја фотографирала роденденска девојка во Норфолк и објави фотографии од малата принцеза опкружена со цвеќиња.
На една фотографија Шарлот среќно позирала со својот миленик – кокер шпаниел Игл. Тешко е да не се забележи дека девојчето се повеќе личи на нејзиниот татко, идниот крал принцот Вилијам.
Со текот на годините, принцезата порасна во вистинска убавица, а уште од мала позираше во семејни портрети со насмевка на лицето.
Шарлот изминатиов двапати е видена со семејството. Во март таа беше со своите родители во Весминстерската опатија на комеморацијата на војводата од Единбург, а на Велигден беше на миса во црквата Свети Ѓорѓи во Виндзор.
Шарлот Елизабет Дијана е средно од трите деца на Вилијам и Кејт. Нејзиниот помлад брат, принцот Луис, наполни четири години на 23 април, а принцот Џорџ ќе го прослави деветтиот роденден во јули.
Шарлот е четврта наследничка на круната по ред, по принцовите Чарлс, Вилијам и нејзиниот брат Џорџ.
Светските медиуми веќе одамна на големо пишуваат дека кралицата Елизабета Втора ќе ја предаде круната најверојатно на својот син, 71- годишниот принц Чарлс, но сепак ваквата одлука не е конечна.
Иако има само седум години, принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијамс, и принцезата Кејт Мидлтон, е многу влијателна врз кралицата.
Наводно поради неа, кралицата сакала да го одложи предавањето на круната, до после нејзината смрт.
Извор близок на кралското семејство за списанието Мари Клер истакнал дека кралицата не сака да абдицира и да му ја предаде круната на машкиот наследник бидејќи тоа не би било добар пример за нејзината правнука, па затоа решила да ги извршува своите должности до последен момент и да го остави назначувањето на нов владетел до после нејзината смрт.
Малата Шарлот, веќе пишува историја. Таа иако е четврта по ред за круната сепак е прва принцеза чие место во низата не е променето од раѓањето на нејзиниот помлад брат, тригодишниот принц Луиз.
Според Договорот од Перт 2011 година, младата принцеза Шарлот, стана еднаква наследничка на круната, што не беше случај дотогаш, затоа што машките членови на семејството секогаш имаа предност пред истата.
Со постигнување на овој договор, малата Шарлот несвесно направи пресвртница во историјата на британското кралско семејство, и токму поради фактот дека во иднина ќе има многу поголема одговорност отколку што би имала доколку не се случеше договорот, кралицата наводно сака да почека со предавање на круната.