Кафе муабет

ДЕВОЈКИТЕ КОИ ГО ОСВОИЈА ЦЕЛИОТ РЕГИОН ДЕФИНИТИВНО СЕ РАЗДЕЛУВААТ: Заедно се до септември- ова е причината за распаѓање на групата

Решиле да продолжат соло кариера...

Веќе извесно време се шпекулира дека популарната група „Ураган“ се распаѓа и дека е само прашање на време кога сите ќе продолжат по својот пат.

Според тамошните медиуми, оваа тројка се договорила да функционираат заедно до септември, a потоа секоја од нив ќе започне соло кариера.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

Од снимањето на хитот „Фаворито“ пред две години, Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ станаа омилени пејачки во регионот и јавноста го следеше секој нивни потег.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

Набрзо следеше Евровизија, на која ги освоија симпатиите на цела Европа, а секоја наредна песна стануваше хит. И покрај тоа што се уште се многу популарни, неодамна почнаа шпекулациите дека девојките повеќе не можат да соработуваат, и дека сакаат да ја продолжат својата музичка кариера, но соло.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Според извор близок до девојките, тие на  мај се договориле да направат летна турнеја и закажале настапи кои ќе ги имаат во наредниот период, по што ќе се разделат. Тоа значи дека веќе во септември секоја од нив ќе тргне по својот пат.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Многумина ќе ги растажи оваа информација бидејќи, особено кај помладата публика, девојките се многу популарни. Сепак, има и такви кои сметаат дека е подобро да продолжат сами. Со месеци на социјалните мрежи се коментира дека меѓу пејачките владее нетрпеливост, и дека забележале дека Ивана е разделена од Ксенија и Сања.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Тие не сакаа да ги коментираат ваквите наводи, но сомнежите ги подгреа Николиќ, која неодамна го прослави роденденот без колешките. Новинарите се обиделе да стапат во контакт со девојките, но тие не одговориле.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Ивана е бремена?

Неодамна во јавноста се појави веста дека наводно атрактивната пејачка Ивана Николиќ, го завела поранешното момче на пејачката Едита Арадиновиќ, хирургот и политичар Андреј Бајец со кој сега чека бебе, дознава Република.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Николиќ наводно не сака да се дознае во јавноста дека е бремена, па планира да ја крие новоста додека не се забележат промени.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

-Ивана и Андреј не се разделуваат и се гледа дека љубовта цвета. Одлично и е со него, ја држи како малку вода на дланка, а се шпекулира дека е бремена, сепак на другарките се уште ништо не им потврдила, иако тие први се посомневале. Од нејзината насмевка сфатија дека најверојатно се е вистина, но нормално е дека во таа фаза од бременоста не се кажуваат работите ниту на најблиските. Неодамна беа видени заедно ноќта на денот на изборите, беа поблиски од кога и да било, а Ивана постојано се обидуваше да се сокрие од папараците и припадниците на седмата сила – открил извор близок на пејачката.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Доколку ова е вистина, можно е причината поради која Ивана се помалку е со своте прјателки од групата да е токму нејзината бременост.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Да потсетиме, откако се запознаа Андреј и Ивана се во хармонична врска, но таа целосно ја почитува неговата одлука да не се појавуваат во медиумите. Андреј постапувал слично и кога бил во врска со Едита. Причината за тоа е што Бајец се уште бил официјално во брак со сопругата со која има и син, иако не живееле заедно.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close