MAMA

Двојка тврди дека го одвикнале бебето од пелени две недели по раѓањето, звучи неверојатно, но има цела теорија за тоа

Откако во јавност се појави видео од мајката Монтана Лоуер и таткото Том Линвуд како своето 9-месечно бебе го научиле на само две недели да користи нокшир по пат на „елиминациска теорија“, многу корисници се заинтресираа за овој метод и дали може толку мало бебе успешно да остане без пелени.

Оваа австралиска двојка вели дека елиминациската комуникација вклучува читање на сигналтие на бебето дека треба во тоалет со што се прескокнува потребата од пелени и го охрабрува наученоото однесување.

Таткото Том, тврди дека како родители, исто како што ги препознаваат знаците кога бебето е гладно, со истата техника можат да научат да препознаат кога мора да изврши мала или голема нужда, но Монатана на видеото објавено на ЈуТјуб раскажува како „идејата привично и се чинела луда“, по поради неа не морале да купат ниту една пелена повеќе откако малечката Блу помина две недели учење.

Наводно во еден ден, кога Том навистина му се посветил на бебето и постојано го ставал на нокшир кога мислел дека дава напон, и така Блу научила да го користи. Од тогаш велат, малечката само погледнува кога треба и тие ја ставаат на нокшир.„Бебињата се родени апсолутно без претходно знаење како односно каде да врши нужда па ако не ги научиме дека тоа се прави во пелена, не мораме подоцна ни да ги одвикнуваме од пелена“, вели Монтана, а двајцата родители ја препорачуваат методата на елеминациска комуникација.

 

„Има смисла во тоа детето веднаш да научи како да оди по нужда“. Со оглед на тоа што пелените не се само „нов луксуз туку се и нееколошки“ и на другите родители им препорачуваат да го направат истото, да одвојат еден ден зошто толку и требало на Блу да научи отпрвин да оди на нокшир, а после требале само да ги читаат знаците од девојчето.

„Ќе не погледне со поглед како да сака да каже – сакам да одам на нокшир, однеси ме на нокшир“. Што беше навистина слатко со оглед дека имаше две недели кога тоа се случи и било навистина неверојатно.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close