Новости

ДВА ПАТИ СЕ ВЕНЧАШЕ СО ИСТА ЖЕНА: Бурниот љубовен живот на Гидра- оваа фотографија од неговата свадба ќе ве изненади!

Познатиот актер повеќе од 30 години беше во брак со Лилјана

Многумина го познаваат по бројните улоги во филмовите, но и по неговата љубовна приказна.

Имено Драгомир Бојаниќ – Гидра кој е роден во Крагуевац, на 13 јуни 1933 година беше еден од најпознатите југословенски театарски, телевизиски и филмски актери.

По втората светска војна актерот ги загубил родителите, останал сираче како дете и морал да се избори со најтешкиот животен предизвик.

Неговиот љубовен живот ја интересираше јавноста, па постојано се пишуваше за него и неговата две години постара сопруга, познатата актерка Лилјана Контиќ со која се запознале додека студирале глума.

Имено парот беше во брак триесет години. Гидра премногу ја љубеше Лилјана, но сепак нивниот брак беше полн со турбуленции.

Зад нив имаат два разводи и три пати се заколнаа на вечна љубов.

Откако се запознале во студентските денови,  Гидра со ист интензитет ја сакал Лилјана до крајот на својот живот.

Имено тој својата романса  ја задржал и по студиите, додека таа работеше во театарот во Ужице, а потоа и во Вржац. Тој бил многу трпелив и заљубен што успеал да ја дочека својата љубена и конечно својата љубов ја крунисале со брак во 1966 година кога Лилјана се вратила во Белград.

 

Фотографија од венчањето на Гидра и Лилјана…

Четири години подоцна ја добиле ќерката Јелена.

Многумина ја паметат Лилјана по улогата во шестото продолжение од  „Жикина Династија“.

Сигурно се сеќавате на познатата сцена во музичкото училиште и часот кога Миша и Наташа наводно свиреа, т.е. пуштија веќе снимена лента со нивните музички вежби и разменуваа нежност во просторијата.

– Не верував дека можам да бидам толку заљубен. Кога бев млад не можев ни да замислам дека еден ден ќе бидам толку приврзан за моето семејство – рече во една прилика Гидра, кој има играно над стотина улоги во филмови и ТВ серии.

Лилјана пак во една прилика истакна дека морала да жртвува многу за семејството.

Гидра се прослави со улогата на Жика Павловиќ во филмската серија Луди години.

Почетоците на Гидра…

 

На почетокот на својата кариера, Гидра бил член на аматерскиот театар „Света Младеновиќ“ од каде се преселил во Народниот театар Крагуевац, каде бил долгогодишен член. Кога бил студент во прва година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, почнал да го игра Митке во Националниот театар. Од 1964 година до 1966 година бил член на Југословенскиот драмски театар во Белград.

Филмска кариера

 

Гидра ја започнал својата филмска кариера во 1955 година, со епизодна улога во филмот на Жика Митровиќ „Ехелон на доктор М“. Тој глумел во повеќе од триесет југословенски филмови, а исто така снимал и во Италија. Под псевдонимот Ентони Гидра во 1960-тите играл во десетина вестрн и акциони филмови во Италија.

За неговата улога во Баладата на револверот на режисерот А. Калтабијана (1967), Гидра освоил една награда.

 

 

На фестивалот Пула, во 1974 година ја освоил Златната арена за улогата на партизанот Тадија Чемеркиќ во филмот „Свадба“ на Радомир Сарановиќ, заснована врз истоимениот роман на Михаило Лалиќ.

 

Најголема популарност низ СФРЈ се здобил со улогата на Жика Павловиќ, која ја има играно во десет делови од филмот Луди години во периодот од 1977 до 1992 година. Тој, исто така, станал познат по улогата во филмот на Жика Митровиќ, Марш на Дрина од 1964 година.

Гидра почина во ноември 1993 година во Белград, од р*к на црниот дроб. За време на третманот, тој бил хоспитализиран на Воената медицинска академија во Белград.

Пог nребан е во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close