Кафе муабет
Дарко Лазиќ ќе се жени: Девојката реши повеќе да не крие- спремаат свадба, еве кога пејачот ќе го каже судбоносното “ДА”
Среќни се заедно...
Веќе со месеци во медиумите се пишува за љубовната врска на Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина Стојановиќ.
Иако неодамна во медиумите се појавија информации дека тајно се венчале, Катарина на својот Инстаграм профил сега конечно проговори за венчавката, а потоа откри дека таа и Лазиќ веќе биле заедно пред неколку години.
Катарина одговараше на прашањата на следбениците на Инстаграм, а на прашањето за венчавката не криеше дека се спремаат да стапнат на лудиот камен.
– Наскоро – напишала Катарина.
На прашањето дали била во врска со Дарко кога тој победил во „Ѕвездите на Гранд“, таа одговори потврдно, што многумина ги изненадило бидејќи до сега јавно не зборувале за ова.
Катарина во последно време не се разделува од пејачот, па го следи насекаде, дури и на турнеи, а сега уживаат на заеднички одмор во Шпанија.
Дарко Лазиќ побарал благослов од владиката за брак
Пејачот неодамна присуствуваше на литургијата во црквата Свети Сава во Врачар каде бил со својата девојка Катарина.
– Дарко дојде рано во храмот со девојката. Се држеа за раце, а потоа се прекрстија и ја бакнаа влезната врата. Се обидоа да останат незабележани, но не успеаја. Видов дека се восхитуваат на убавината на храмот. Воодушевени, изгледаа како често доаѓаат на ова свето место. Тие присуствуваа на литургијата, се помолија и ги бакнуваа иконите. Палеа и свеќи. Видов дека очите на Лазиќ беа полни со солзи додека ги гледаше светците на куполата. Тој ми изгледа како добар човек. Сигурно имал тежок живот – изјавил соговорникот кој случајно се нашол на лице место.
Според него, владиката Стефан по отслужувањето на литургијата ги благословил:
– Двајцата му пријдоа и владиката им даде благослов. Свештеникот разговараше со нив и видов дека си заминаа среќни и задоволни. Спомнаа заеднички живот и брак, но детали не слушнав. Можеби побарале благослов за венчавката и среќа во заедницата што ја планираат. Важно е да одат во црква. Ова е прв пат да видам дека Лазиќ се приближи до Бога по се што помина во животот. Можеби ова ќе го промени на подобро.