Кафе муабет
Дарко Лазиќ не може повеќе да издржи: Разделбата од новата девојка многу го погоди- со емотивно видео и порача колку му недостасува
Тој е на турнеја во Австралија...
Фолкерот Дарко Лазиќ веќе извесно време е во центарот на вниманието поради љубовната врска со својата нова избраничка Катарина.
Се чини дека на фолкерот конечно му тргна па тој почна да бележи успеси на сите полиња и на професионален и на емотивен план.
И покрај гласините и шпекулациите за наводното раскинување, пејачот ужива во љубовта со својата девојка Катарина.
Дарко Лазиќ отпатува во Австралија на закажана турнеја, но далечината не му годи бидејќи е разделен илјадници километри од својата сакана.
Дека тој не престанува да мисли на неа сведочат и приказните кои речиси секојдневно ги објавува на Инстаграм, а ги посветува на својата понежна половина која го освои неговото срце.
Поради деловни обврски, Катрина не можела да отпатува со Дарко во далечната Австралија, па секојдневно комуницираат преку пораки и видео повици.
Пејачот објави фотографија на која се гледа преку видео со својата девојка, додека нејзината сестра му рекла дека треба да ја преболи оваа разделба и да живее без неа.
-Зете, издржи уште седум дена без жена – напишала сестрата на Катарина, додека Лазиќ видно страдал за својата избраничка.
Досега многупати се пишуваше за нивната разделба, која сега навистина и се случи иако не емотивно, туку само физички, но сега на сите им е јасно дека љубовта меѓу фолкерот и инструкторката е навистина силна.
Лазиќ во 2014 година се ожени со пејачката и водителка Ана Севиќ, која тогаш беше во осмиот месец од бременоста, а се венчаа во тајност.
Нивниот брак траеше до 2019 година, кога тие се разделија со заедничка согласност, а старателството над нивната ќерка Лорена и припадна на Ана.
Турбулентната врска со поранешната сопруга се повтори кога тој стапи во врска со Марина Гагиќ, а за нивната врска многу се пишуваше и се зборуваше, имаше и тврдења дека Лазиќ ја изневерува, што никогаш не беше потврдено.
Додека беа заедно, пејачката во еден момент се вери и планираа свадба. Марина го роди синот Алексеј, но врската со Лазиќ не траеше.
По раскинувањето Дарко започна врска со Барбара Бобак, која исто така не траеше долго.
Дарко Лазиќ важи за контроверзен пејач за чиј бурен љубовен живот на големо се шпекулира и пишува но како што во неколку наврати и самиот изјави дека моментално е многу среќен и исполнет и дека Катарина е вистинската жена за него со која сака да остане до крајот на животот.
Се шпекулираше и дека тајно се венчале но и дека Катарина била бремена но го изгубила бебето, но ваквите написи пејачот ги демантираше.