Кафе муабет

Дарко Лазиќ имаше голема причина за славење- се појави и поранешната свршеница Марина Гагиќ: ДАРКО ОБЈАВИ СЛИКИ еве како изгледа таа сега (ФОТО)

Синот Алексеј го прослави 3-тиот роденден..

Синот на фолк пејачот Дарко Лазиќ, Алексеј Лазиќ пред неколку дена го прослави својот 3-ти роденден во игротека, а гордиот татко на својот Инстаграм профил сподели моменти од прославата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, како и многу момчиња на негова возраст, Алексеј го има својот омилен суперхерој, па на забавата биле аниматорите во костими на Супермен. Исто така, неговата торта беше со мотиви на истиот херој.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Покрај малиот Алексеј, беше гордата мајка и поранешна свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, а на роденденот дојде и полусестрата на Алексеј, Лорена, која пејачот ја има со поранешната сопруга Ана Севиќ.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

Детето уживаше додека мајка му и останатите гости му пееја роденденска песна. Славеникот бил воодушевен од украсите и тортата кои биле во знакот на неговиот омилен херој Спајдермен.

фото инстаграм/Марина Гагиќ
фото инстаграм/Марина Гагиќ
фото инстаграм/Марина Гагиќ

Да потсетиме, Марина Гагиќ повеќе пати во јавноста изјави дека е во тензични односи со Дарко, бидејќи тој не му посветува доволно време на Алексеј, но се чини дека страстите меѓу нив се смирија и пејачот и таа нашле заеднички јазик по што и двајцата присуствувале на роденденската забава на нивниот наследник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARINA GAGIC (@gagic_marina)

Да потсетиме, Гагиќ е поранешната партнерка на фолк пејачот Дарко Лазиќ, која беше бремена кога беше објавено дека пејачот доживеал страшна несреќа.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

По раѓањето на синот Алексеј и успешното закрепнување, Марина и Дарко се разделија а некои медиуми тврдеа дека „виновникот“ за крахот на врската била токму пејачката Барбара Бобак.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Дарко неодамна раскина со оваа пејачка, а медиумите извесно време немаа можност да ја видат Марина.
Марина истакна дека не можела да се договори со Дарко надвор од судските лавиринти, па решила да поднесе тужба.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„За жал, судот ќе мора да одлучи се иако тоа можевме да го направиме и сами. Барам полно старателство над детето. Иако како мајка имам приоритет, да не размислувам што ќе биде утре, за да не ме боли главата, морам вака правнички да ги расчистам работите. Утре да не мора да го бркам за потпис ако некаде сакам со детето да одам надвор од земјата или ако треба нешто за училиште или било што друго што може да искрсне. Ќе биде одредена и алиментација која ќе мора да ја плаќа. Што се однесува до расподелбата на имотот, јас секако не сакав да бидам во Брестач ни додека живеевме во таа куќа. Не сакав сите да бидеме во истиот двор, така што ништо од тие недвижности од него не ги барам, а тој и нема ништо друго освен тоа“, изјави Марина за српските медиуми.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

На прашањето пак колку на Алексеј му недостасува татко му, Марина ги шокираше сите со одговорот.
„Искрено и не го бара. Тие и не поминуваа нешто многу време заедно, па на Алексеј сега да му недостига“.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Можеби се уште е малечок, па нема чувство дека Дарко му фали, но тие не се гледаат често“, изјави таа.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Од друга страна пак, Дарко вели дека Марина не му дозволува да го гледа синот и дека не е точно дека не сака да биде со него.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Секогаш кога ќе се јавам да го видам детето, Марина е во некоја гужва, нешто завршува, нема време, па не ми се јавува“.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„На мене мојот син многу ми фали, глупо е тоа воопшто да го споменувам“, изјави пејачот за магазинот „Свет“.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Јас се согласив дека детето треба да биде со мајката, но желбата ми е заедно да го одгледуваме, но тоа со неа не може. Така што таа желба таа да има апсолутно старателство но синот може само да ја сонува, јас тоа нема да го дозволам. Се согласив и алиментацијата да биде 500 евра, давам и повеќе од тоа. Не гледам кога колку давам бидејќи тоа е мое дете и секако дека нема никогаш ништо да му фали, иако сите што се запознаени со приказната велат дека толкава алиментација е претерана. Не се бунам, не кукам. Им помагав на другите, па логично е и за своите деца да го дадам и последниот денар“, вели тој.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close