Кафе муабет
Дарко и Барбара се венчале тајно?! ПЕЈАЧКАТА СЕ ОГЛАСИ ПО ВЕСТА
Барбара посочи дека кога ќе се случи венчавката нема да биде тајна...
Вчера во медиумите одекна веста дека Дарко Лазиќ и Барбара Бобак наводно се венчале во Америка.
Откако стапија во врска, Барбара ужива во подароците од нејзиниот сакан а за тоа редовно ги информира нејзините фанови преку социјалните мрежи.
Имено, Барбара не можеше да ја сокрие својата среќа и на Инстаграм профилот објави фотографија од скап часовник на раката кој го доби од Лазиќ.
– Реков да!!! – напиша таа во описот на сликата и предизвика лавина реакции.
Според извор близок до парот, тие двајцата навистина го кажале судбоносното „да“ во Лас Вегас, а сега пејачката се огласила за Пинк и открила што е вистината.
Имено, како што вели таа, свадбата не се случила, а нагласува дека таа и Дарко, доколку има свадба, ќе приредат незаборавна забава за која ќе зборуваат сите.
– Кога ќе се венчаме, сето тоа нема да биде тајно и цела Србија ќе зборува за тоа, верувајте! Не знам кој ја измислува оваа глупост, Елвис… – низ насмевка коментирала Барбара и со тоа ставила крај на сите шпекулации.
Неодамна пејачката зборуваше за нејзината венчавка со Дарко.
– Па убаво му реков на Дарко, двапати не успеа, свршувачка, брак, деца, но се тргна наопаку, затоа се заврши како што заврши. Сакам чекор по чекор. Прво нека биде огромна свадбената веселба, лудило, па потоа на ред ќе дојдат децата. Засега живееме заедно и навистина е убаво – изјави неодамна Барбара.
Инаку Лазиќ неодамна откри дека повеќе нема да коментира за неговите жени од минатото:
– Си ветив дека нема да коментирам ништо во врска со поранешните партнерки. Тие се оние кои ме претставуваат во јавноста како неодговорен татко, коцкар и бесен пијаница, јас не го правам тоа. Никогаш не одев наоколу и не зборував лошо за бившите. Тоа не е мој стил, особено што никогаш не би кажал лоши зборови за мајките на моите деца. Барбара е друга приказна. Се сложуваме во сè, претпоставувам дека можете да видите среќа на мене ?! Таа е девојка која не е љубоморна, има силен карактер и верувајте дека нема нешто што би го променил во нашата врска. Можам да кажам, од оваа гледна точка, дека таа е жената со која планирам деца и брак. Дај боже, еден ден и да правиме свадба, верувам и таа го мисли истото затоа што решив да се оженам неа. Сите поранешни се небитни, се женам со Барбара – низ смеа рекол Дарко, па Барбара продолжила.
– Прекрасно ми е со Дарко. Ќе се согласам со се што кажа. Мислам дека предуслов за успешна врска е партнерите да бидат искрени. Ако нешто се крие, лаже и заговара, нормално е дека во одреден момент сето тоа ќе излезе на виделина и ќе настане хаос – рече Бобак, а потоа Лазиќ додаде:
– Сите знаат дека сум бил оженет, како и дека бев во вонбрачна заедница, но никогаш не сум правел свадба со никого, сега ќе направам. Дај боже, да остане вака, Барбара ќе биде единствената жена со која ќе направам голема свадба.