Кафе муабет

Дарко и Барбара сакаат принова- испланирале се, открија и кога ќе прават свадба!

Дарко нагласува дека овој пат би одел по ред...

Барбара Бобак и Дарко Лазиќ откако ја започнаа својата емотивна врска постојано се на тапет.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Имено сега при едно телевизиско гостување тие освоија бројни симпатии од фановите, нагласувајќи дека планираат и семејство. Сепак, Дарко нагласува дека овој пат би одел по ред.

-Прво свадба па дури потоа принова.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Секако дека планираме бебе! Но, таквите работи не се планираат премногу. Јас и Барбара разговаравме за тоа – рече Дарко во „Пулс на Србија“.

– Здравје, ќе имаме бебе понатаму. Овој пат ќе одиме по ред. Се најдобро за минатото, но поважна е иднината – додаде тој.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

 

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

Покрај тоа,  планираат и нови песни во иднина.

– Имам една песна, речиси готова. Сакав да ја извадам до турнејата во Америка, но мислам дека ќе биде малку подоцна затоа што ми се вртат разни „фикс“ идеи во главата. Сакав се да биде по мое, голем дел од текстот го напишав сама. Треба да одам во студио да отпеам па потоа ќе видиме што ќе правиме за спотот, дотогаш на 27 ноември ќе излезе интерпретацијата на 11 песни – објасни Барбара, па Дарко се надоврза со најавата за нов албум и видеа.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

-Со песната „Прво, второ, трето лето“ го вратив времето наназад. Песната е во стилот на Халид Бешиќ и времето на деведесетите, вистинска народна песна. По Нова година подготвуваме сосема нов албум. Девет нови песни и спотови – рече тој.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко планира голема свадба со Барбара!

Барбара Бобак и Дарко Лазиќ веќе пет месеци се во емотивна врска а сега си ја отворија душата и најавија дури и свадба.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ откри дека повеќе нема да коментира за неговите жени од минатото:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Си ветив дека нема да коментирам ништо во врска со поранешните партнерки. Тие се оние кои ме претставуваат во јавноста како неодговорен татко, коцкар и бесен пијаница, јас не го правам тоа. Никогаш не одев наоколу и не зборував лошо за бившите. Тоа не е мој стил, особено што никогаш не би кажал лоши зборови за мајките на моите деца. Барбара е друга приказна. Се сложуваме во сè, претпоставувам дека можете да видите среќа на мене ?! Таа е девојка која не е љубоморна, има силен карактер и верувајте дека нема нешто што би го променил во нашата врска. Можам да кажам, од оваа гледна точка, дека таа е жената со која планирам деца и брак. Дај боже, еден ден и да правиме свадба, верувам и таа го мисли истото затоа што решив да се оженам неа. Сите поранешни се небитни, се женам со Барбара – низ смеа рекол Дарко, па Барбара продолжила.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Прекрасно ми е со Дарко. Ќе се согласам со се што кажа. Мислам дека предуслов за успешна врска е партнерите да бидат искрени. Ако нешто се крие, лаже и заговара, нормално е дека во одреден момент сето тоа ќе излезе на виделина и ќе настане хаос – рече Бобак, а потоа Лазиќ додаде:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Сите знаат дека сум бил оженет, како и дека бев во вонбрачна заедница, но никогаш не сум правел свадба со никого, сега ќе направам. Дај боже, да остане вака, Барбара ќе биде единствената жена со која ќе направам голема свадба.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close