Кафе муабет
Дара Бубамара го смени личниот опис! НАПРАВИ ПРОМЕНА ЗА КОЈА ЌЕ СЕ ЗБОРУВА: Не мирува, еве како изгледа сега (ВИДЕО)
Во стилот на Барби...
Пејачката Дара Бубамара неодамна се најде во центарот на медиумското внимание поради атрибутите кои ги поседува и кои често ги покажува на својот Инстаграм профил.
Неодамна се шушкаше и за цената на сите естетски интервенции што ги има направено на лицето и телото а допринесоа Дара денес да изгледа како барбика.
Иако пејачката негираше дека имала интервенции вредни дури 45.000 евра, новите видеа објавени на Инстаграм не можат да сокријат дека има нова фризура.
Во моментот кога ја вклучила камерата за да го покаже својот нов имиџ, Дара го доближила лицето до камерата така што во кадарот биле само усните, вештачките трепки и забележително помалиот нос. Кога се повлече, присутните видоа дека таа ги скратила шишките по кои беше препознатлива на почетокот на кариерата.
Не штеди за убавина…
Освен што неуморно користи фотошоп, Дара си го затегна лицето, го смали носот и секако стави силикони.
Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што кажа и самата неколку пати ги менуваше. Таа сега е горда сопственичка на „седмица“, а тие зафати ја чинеле фолкерката околу 15.000 евра!
“Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да ми плукаат под прозорецот. Ги следам светските трендови, доста е веќе лажен морал”, изјавила Дара за локалните медиуми.
Пејачката за нова насмевка искеширала 18.000 евра. Се пишуваше дека Дара ги корегирала забите во Цирих, а се одлучила за клиника во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.
Според сопственото признание, Бубамара неколку пати ги надополнувала усните, а тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20-годишен дечко Тони.
Цената на филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара за усни низ годините дала околу 2.500 евра.
Дека се подмладувала сведочат и најновите фотографии на оваа фолкерка, па освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето вбризгувала ботокс, а на јагодиците филери.
Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.
Според пишувањата на медиумите, Дара наводно си го смалила носот во Турција, а тоа ја чинело околу 4.000 и 7.000 евра.
Прозборе и за разводот
Дара Бубамара често пати истакнува дека се труди нејзиниот приватен живот да не трпи поради работата.
Имено Дара долги години е на музичката сцена а пејачката наоѓа сила да го работи само она што го сака и многу вложува во себе.
Мотото на популарната ѕвезда е: или работиш во целост, или не. Минатата година доживеа трагедија поради смртта на нејзиниот татко, но најде начин како да преброди се и да продолжи понатаму со поддршката на нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ.
Дара вели дека ги следи новите трендови но дека сепак се труди да остане своја и препознатлива.
– Ги знам трендовите, но повторно се трудам да не скршнам од патот и да останам во мојот стил. Секогаш имам планови, знам што ќе правам во следните месеци. Јас сум многу амбициозна. Покрај тоа, имам и мал син, кој има 13 години и свесна сум што сакаат младите. Немаше да бидам популарна толку долго ако не работев на себе.
– Коста е мојот најголем успех во животот. Веќе две години оди во англиско училиште во Белград, зборува англиски, француски и шпански. Го сакам тоа што има српски и француски пасош. Јас сум многу добро организирана кога е мојот син во прашање. Бевме во Турција покрај море, па тој со татко му отиде во Црна Гора, а се сретнавме во Бања Лука, од каде што замина во Босанско Грахово. Таму живееле неговите баба и дедо. Мојот Милан има големо семејство, па Коста е сега со нив, ужива.
– Јас и Милан функционираме многу добро, 99 проценти од браковите не функционираат толку добро како ние двајца, иако не сме во брак. Тој е мојот најдобар пријател, а јас сум негов. Не знам ни зошто се разведовме кога живееме толку добро. Неговите родители ме обожаваа, како и моите него. Минатата година имавме трагедии. Татко ми почина, а исто така починаа таткото и мајката на Милан. Сепак, бевме заедно во таа болка. Ние живееме за семејството, тоа ни е се. Јас правам планови според нив.
За синот вели дека е многу скромен иако добива се.
– Порасна во убаво, добро и воспитно момче, кое не е арогантно, туку скромно. Нема кој да го разгалува. Добар ученик е, оди на тренинг… Често велам дека повеќе тренира од Роналдо во свое време, ха-ха. Оди на ватерполо, атлетика, има спортски дух. Често ми вели: „Мамо, сакам да успеам поради тебе и тато!“ Тој сака да стане познат фудбалер.
– Го воспитувам на начинот на кој ме воспитуваа татко ми и мајка ми. Бев принцеза на татко ми, тој никогаш не го крена гласот на мене. И јас сум таков тип – ако ти си добар со мене, јас сум уште подобра со тебе. Јас сум му како пријател, многу зборуваме, доста е зрел. Милан е малку построг, но тоа ми се допаѓа, нека биде некој авторитет.
– Коста е дете кое не бара ништо. И има се. Му го купивме најдобриот компјутер во регионот, а тој вели: „О, мамо, не беше потребно“. Сами му купуваме, мислејќи дека му треба. Но тој не сакаше нов телефон, беше среќен со тој што го имаше. Често се расправаме. Се заканува дека ќе го подари тоа што ќе му го купиме без негова желба, открива Дара.