Кафе муабет

Данијела Мартиновиќ ја пронајде вистинската љубов на 51 година- пејачката блеска од среќа во прегратките на инспекторот кој и ја врати вербата во љубовта

Исполнета е и среќна...

По љубовниот бродолом кој го доживеа со пејачот Петар Грашо со кого беше во врска повеќе од две децении Данијела Мартиновиќ, конечно е среќна и исполнета.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Полицискиот инспектор Јосип Плавиќ, и ја врати вербата во љубовта и беше сосема доволна причина популарната пејачка да биде главна тема во медиумите во последните неколку недели.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Фановите на пејачката велат дека никогаш не изгледала посреќно и сметаат дека Јосип беше делот кој фалеше за таа да биде исполнета жена.

фото Глорија.хр

Пејачката никогаш не сакала претерано да ги споделува деталите од својот приватен живот во јавноста, новата љубов на Данијела Мартиновиќ по раскинувањето со Петар Грашо беше вистинска енигма за јавноста, а таа на почетокот оваа романса ја чуваше подалеку од љубопитните погледи, но откако нивните заеднички фотографии протекоа во медиумите, заљубениот пар престана да се крие.

фото Глорија.хр

Пејачката, на која и оди одлично и на деловен план, го претстави новиот спот за песната „Верувам во луѓе“. Во емисијата „Код нас дома“ прозборе за љубовта, среќата и вербата во луѓето.


Foto: Boris Kovacev / CROPIX

– Позитивноста е етикета која постојано ме следеше и дури во еден период беше речиси тажна, бидејќи мислев дека луѓето навистина не разбираат дека тоа е оптимизам, дека е поглед на животот, дека не е ниту несериозност, ниту површност но токму спротивното – рече пејачката на темата по епитетот по кој е надалеку позната, а потоа додаде:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Не носам розови очила, напротив, го гледам светот таков каков што е, но навистина верувам дека тоа што ни се случува има свои причини и кога поминуваме низ тежок период, секогаш знам дека постои повисока цел – рече Даниела.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Пејачката потврди дека се смета себеси за среќна жена особено сега кога  се насмевна среќата и во љубовта.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Инаку ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Таа заслужи да го има вистинскиот маж покрај себе“, откри блиска пријателка на пејачката, откривајќи дека мисли дека Данијела конечно го пронашла мажот на нејзиниот живот.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката откри дека нивната љубовна приказна е необична и ќе се најде во нејзините идни песни.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои во иднина секако ќе се изразувам во литературата бидејќи сакам оваа приказна да биде снимена.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Блиската пријателка на Данијела за Слободна Далмација откри дека пејачката е пресреќна и исполнета.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Таа е вљубена во него и јас сум навистина среќна поради тоа. Заслужи покрај себе да има вистински маж кој неизмерно ја сака, почитува и цени. Имаат слични ликови, се согласуваат за многу работи и конечно мислам дека Данијела го најде човекот на својот живот – изјави таа.

фото инстаграм/Даниела Мартиновиќ

Пејачката откри и интересни детали за своето момче.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Јосип долги години не возел мотор. Рокот е неговиот начин на живот, а неговиот изглед е нешто сосема природно и мислам дека добро му одговара. Мотор вози затоа што ја сака природата. И двајцата сакаме авантури. Сепак, ми дозволи едно возење со мотор, но без премногу адреналин. Повеќе како, туристички. Тој е внимателен – рече таа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Инаку, Павлиќ има ќерка, која Данијела ја запознала и за која вели дека е воодушевена.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Ќерката на Јосип е прекрасна девојка која студира ликовна уметност и графички дизајн во странство. Таа е талентирана и верувам дека и претстои меѓународна кариера – откри Данијела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката истакнува дека немала поим дека ќе се заљуби и дека ужива со Павлиќ.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

– И јас и Јосип се смееме од моментот кога се запознавме. Ниту тој, ниту јас не ги очекувавме стрелите на Амор, не погодија од заседа – истакна пејачката за „24сата.хр“.

фото инстаграм/Даниела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close