Кафе муабет

Дали таа воопшто носи долна облека? – Погледнете каква “Бooмбa” е поранешната на Еди Марфи!

Иако има 52 години изгледа неверојатно

Каде и да се појави сите се вртат по неа, а таа не пропушта ситуација а да не ги покаже резултатите од вежбањето и здравата исхрана.

52 годишната поранешна сопруга на комичарот Еди Марфи, која е поранешна манекенка и продуцентка сега буквално ги запали социјалните мрежи, а многумина се прашуваа и дали таа воопшто носи долна облека, односно гаќички?

Облечена во долг фустан со цветен дезен од свилен материјал ги освои сите погледи, а папараците имаа полни раце работа. Овој фустан кој можеби и не крие речиси ништо, има длабоко деколте и исечоци на здолништето до препоните. Ветерот си ја заврши својата работа,  и дополнително ги откриваше добрите тонови на мускулите.

 

Backgrid/Backgrid Usa/Profimedia

Фотографиите се направени во Западен Холивуд, каде што таа беше на ручек во ексклузивен ресторан со нејзините пријатели.

Станува збор за прекрасната Никол Марфи, која и покрај тоа што има родено пет деца, а од минатата година е и баба, може да се пофали со своето неверојатно тело и на овие години.

На социјалните мрежи таа е многу активна, и постојано објавува свои фотографии, како и мотивациски пораки и практични совети.

Таа во една прилика откри дека нејзиниот неверојатен изглед се должи на напорните тренинзи – вежба најмалку 4 пати неделно, но и внимава во исхраната.

 

foto Reddit

Никол и Еди важеа за пар од соништата, беа заедно 17 години, од кои 13 во брак.

Тие се разведоа во 2006 година, а иницијатор за разводот беше Никол.

Инаку неодамна се зборуваше дека Марфи отајно се оженил со неговата девојка Пејџ Бачер, откако дознале дека ќе станат родители.

Eddie Murphy and his wife Nicole with their children Miles, Shane and Brea at the premiere of “I Spy” at the Cinerama Dome in Hollywood, Ca. Wednesday, Oct. 23, 2002. Photo by Kevin Winter/Getty Images.

 

foto Instagram

Марфи има десет деца, пет родени во бракот со Никол, ќерките Бри (28), Шејн (23),  Зола (18) и Бела (16) и синот Мајлс (25).

foto Instagram

На 30-ти ноември 2018 година стана татко по десетти пат. Тој има 29 годишен син со Паула Мекнели, син со Тамара Худ и 11-годишна ќерка со пејачката Мелани Браун.

Еди Марфи и неговата девојка Пејџ Бачер тајно се верија, само неколку недели откако открија дека ќе станат родители. Веста се прошири откако беше објавена фотографија на идната мајка која носи дијамантски прстен, по што Еди ја потврди веридбата. Славниот комичар и убавата Австралијка веќе имаат ќерка Изи Она, родена во мај 2016.

За Никол Марфи се зборуваше дека со оженетиот режисер Антоан Фукуа не се само „семејни пријатели“ што  потврдува и оваа фотографија која осамна минатата година а на неа таа се бакнува со режисерот.

Таа за оваа фотографија првично рече дека бакнежот, бил само „пријателско здраво“.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close