Кафе муабет
Дали е поубава од Карлеуша? Оваа девојка му го украде срцето на поранешниот на поп-дивата, веста за близнаците ги изненади сите!
Кариќ се разведе од Јелена по само три месеци...
Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, еден од наследниците на богатата династија Кариќ, сега живее далеку од очите на јавноста а беше особено интересен за медиумите поради бракот со пејачката.
Бојан Кариќ и Јелена се венчаа во 2004 година, за само неколку месеци подоцна да доживеат крах, а љубовта ја најде покрај Маша Николиќ.
Тие двајца денес уживаат во хармоничен брак, а круна на нивната љубов се близнаците Теодор и Тара. Нивниот живот е среќен и исполнет, а семејната идила ја штитат од очите на јавноста.
Иако поранешните сопружници никогаш во медиумите не ги коментираа причините за разводот, долго време ги следеа разни написи во весниците, а Данијела Кариќ, ќерката на Хафа и Драгомир Кариќ, се осврна на бракот на нејзиниот вујко и популарната пејачка и се присети како заврши.
– Сигурно не се омажила за парите со него, се сакале. Има девојки кои поради пари сакаат да ни се придружат на семејството, но Јелена не е една од нив. Навистина добро се согласував со неа, таа беше една од моите омилени снаи. Карлеуша е многу пристојна и фина личност приватно, секогаш ми покажуваше почит, немам ништо лошо да кажам за неа. Имав добро мислење за неа и сè уште го имам – изјави еднаш Данијела во интервју за „Информер“ и истакна дека многу членови на познатото семејство имаат поинакво мислење од неа.
За пејачката почетокот на 2005 година, поточно месец март беше мошне тежок. Таа се разведе од првиот сопруг Бојан Кариќ по само три месеци брак, а овој развод беше проследен со медиумски линч.
Јелена тогаш тврдеше дека за нивниот развод е виновен вујкото на Бојан, Богољуб Кариќ. Таа во својата колумна за Ало потоа ја откри својата страна на приказната и деталите од животот во семејството Кариќ.
Само што почнав да се забавувам со Бојан, бев баниранa на БК телевизија, албумот кој тогаш излезе за БК беше „замрзнат“, а навредите на семејните ручеци беа секојдневни. Сите седиме и јадеме супа во тишина, додека овој ми се*е по глава како „работам против семејството“ и дека само чека „писмени докази““, ја започна тогаш својата исповед Јелена, а потоа откри што се случувало понатаму:
Го чукнав Бојан со лакт, за да ме одбрани од нападот на вујко му, а тој молчи. Молчеше додека не се измисли познатата афера „Телохранител и ЈК на задното седиште на Хамер“. Какво холивудско сценарио, да речеме? Се разведовме по три месеци брак.
Јелена во таа прилика откри дека го замолила бившиот сопруг да ги прекине тие приказни за неа, но бидејќи тој не сакал дочекала момент на ‘слатка одмазда’.
„Се сеќавам дека од очај му испратив порака на Бојан да ги демантира глупостите за измамата и да ме спаси од линч… Затоа што јас испаднав курва, а тој е ѓубре! Ниту го слушнав, ниту видов па таа вечер кога ги ограбија „Мобтел“ и БК ТВ и се останато, седев пред екранот и грицкав чипс, ладна како мраз“, заклучи тогаш пејачката.