Кафе муабет
ДАЛИ Е КРАЈ НА БРАЧНАТА ИДИЛА: Александра Пријовиќ ги пакува куферите- пејачката заминува од семејниот дом!?
Пејачката заминува кај сопругот...
Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ веќе неколку пати се разведоа, според медиумите, а јавноста се повеќе ја интересираат односите меѓу партнерите.
Помина извесно време откако на социјалните мрежи не видовме заеднички фотографии на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. Токму поради тоа во јавноста почнаа да кружат сомнежи дека тие двајца раскинале.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се разделија – гласеа многу написи, а оваа изјава не беше далеку од вистината. Имено, Филип го напушти семејниот дом и отпатува за САД, каде веќе е со месеци и работи на важен деловен проект.
Но, сега и Александра ги пакува куферите и се упатува кон сончевата Флорида, а медиумите овој потег го проследија со написите „Александра Пријовиќ го остави сопругот“.
Вистината е всушност сосема поинаква. Имено, пејачката после долго време конечно успеа да ги балансира обврските и да отпатува во Америка, за конечно да помине малку квалитетно време со својот сопруг кој неизмерно и недостасува.
Инаку неодамна пејачката изјави дека тие никогаш не биле пред развод.
„Јас сум човек кој многу брзо пламнува, но и брзо се смирувам. Филип секогаш ме нервира кога ќе ме брза, а мене како и секоја жена ми треба уште малку време да се средам. Се расправаме за тоа и јас секогаш му велам дека ништо не значи тоа ако задоцниме некаде 10 минути. Филип секогаш прв попушта, не можам да се расправам со него, затоа што ме остава да се расправам сама со себе и потоа на убав начин ми објаснува што сакал да каже. Од друга страна син ми Александар како и секое дете е непослушен и тврдоглав. Иако му велам дека треба да руча и дека ќе добие чоколадо затоа што е љубител на слатки, кај него нема договор.Таков е за се. Кога е толку тврдоглав не му давам, чекам да заборави и го залажувам“, вели Александра за „Блиц“ и открива кој е построг родител.
„Понекогаш Филип е послаб на синот, а некогаш јас. Строга мајка сум и викам. Мора да бидам таква“, вели пејачката која во последно време ја слуша приказната дека таа и Филип се разведуваат.
“Тие приказни не ме погодуваат, бидејќи знам дека не е така. Никогаш не сме биле пред развод. Најмногу ме нервираат ситуациите кога ќе испаднам коректна кон некого, а потоа се преминуваат границите “. Избрав ваков живот и кога започнував кариера го посакував сето ова. Ова е моја работа и немам приватност – вели Пријовиќ, која би сакала да има ќерка со Филип.