Кафе муабет

ГУДЕЉ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА СО АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ! Фудбалерот ја крие приватноста, по 3 месеци попушти и покажа како ужива со својата девојка!

Беа на Ибица...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ уживаат во врската, а иако тој се труди да го чува приватниот живот далеку од очите на јавноста, сега направи исклучок.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

По три месеци врска Немања Гудељ на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со својата девојка. Тогаш друштво им правеше неговиот брат Драги.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сите тројца избраа лежерни спортски стајлинзи и веројатно нема да ги препознаете доколку ве поминат на улица. Дури и Цеца Ражнатовиќ остави коментар на фотографијата.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Моите три најубави мускетари!“, напиша Цеца под фотографијата.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, Анастасија и Немања неодамна беа на Ибица. Немања ова патување и го подари на Анастасија за роденден, а како што се пишуваше тоа патување го чинело 35.000 евра.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Младата пејачка често објавуваше фотографии на својот Инстаграм профил и со тоа ги известуваше своите фанови како се забавува.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Ражнатовиќ и нејзиното момче уживаа „за сите пари“, а очигледно Немања знае како да и угоди.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Со нив беа и братот на Немања, Драгиша, како и неговата мајка Оливера и сестрата Вања.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија е во одличен однос со сите членови на неговото семејство, што може да се види и од заедничките фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи. пејачката реши да издвои неколку дена, да се одмори и да собере енергија што ќе и биде погребна за бројните летни настани.

фото принтскрин

Светлана Цеца Ражнатовиќ пак вели дека е задоволна што нејзината ќерка Анастасија си најде момче како Немања Гудељ.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Фолк дивата пред повеќе од еден месец го запозна својот зет, фудбалер на „Севиља“, а за него има само пофални зборови.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Тој е одлично момче, како и целото негово семејство, фала богу. Најважно ми е што Анастасија е среќна и максимално ќе го почитувам секој нејзин избор и секој избор на Вељко. Нивниот приватен живот е само нивна работа и не сакам да се мешам. Ниту тие не ми се мешаа во изборите – вели пејачката и додава дека не би имала ништо против ако нејзината ќерка се пресели со Гудељ во Шпанија:

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Нека живее каде сака, што имам јас со тоа? Таа е возрасна, има 24 години, сама себе се издржува. Ниту Шпанија не е толку далеку, само неколку часа со авион од Белград.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Но сепак кога станува збор за свадба таа не ја поддржа Анастасија советувајќи ја дека е премногу млада и дека треба да посвети време на кариерата.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close