Кафе муабет

Гудељ спрема големо изненадување на Ибица- ќе ја побара Анастасија за жена: Цеца бесна, не сака ни да слушне за мажачка на нејзината наследничка!

Анастасија се заљуби до уши...

Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа какво момче избрала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но наводно ја советувала се уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.

фото принтскрин

Младата пејачка толку се заљубила во фудбалерот што по само три месеци врска веќе е подготвена за брак.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:

фото принтскрин

– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!

фото Србија Данас

– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Дека Ражнатовиќ не би сакала наскоро да добие зет, потврди и нејзината пријателка Марија Шерифовиќ која беше на роденденската забава на Анастасија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Цеца не би сакала Анастасија да се мажи, ми кажа! Ми се чини дека Анастасија навистина би сакала да се омажи за Немања, но Цеца смета дека нејзината ќерка е уште млада за тоа – изјавила Марија.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Немања ја расплака Цеца!

– Запознавањето беше одлично. Навистина не знам да ви дадам одговор на овие прашања. Немања синоќа направи еден гест и ми предизвика солзи во очите, но нема да зборувам за тоа. Не ја побара за жена. Отсекогаш сум ги почитувала џентлмените, бев во брак со еден таков– објаснила Цеца.

фото принтскрин

Инаку, на Инстаграм страната „Дијанастајл“ се појави слика што Немања Гудељ ја купи за роденденот на својата девојка, а се работи за портрет со таткото Жељко Ражнатовиќ Аркан.

фото инстаграм/„Дијанастајл“
фото инстаграм/„Дијанастајл“
фото инстаграм/„Дијанастајл“

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close