Кафе муабет
,,ГРДОСИЈО, ПРОВИНЦИЈАЛКО, ВРАТИ СЕ ОД КАДЕ СИ ДОЈДЕНА” – Јелена Спенџарска им се обрати на хејтерите
Јелена Спенџарска : Вие сте лицемерни...
Водителката Јелена Спенџарска повеќе од 15 години е во медиумскиот простор.
Многу скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.
Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.
Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати на нејзината прва љубов – Телевизијата.
Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.
Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.
Спенџарска важи за една од јавните личности без влакна на јазикот.
На последното видео на Инстаграм водителката се обрати до хејтерите.
„Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој интернет портал: грдосијо, провинцијалко, врати се од таму од каде што си дошла, погледни се во огледало, ку*во… Луѓе, вие сте лицемерни, не ми се допаѓате.
Толку лицемерие, толку злоба, толку гнев, фрустрации, јас лично немам видено…“, вели Спенџарска во видеото.
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
Пред некое време имавме дури и самоубиство на ученик во едно училиште во Скопје токму поради булинг и наназад имаме ред ситуации коишто можеби не довеле до смрт, но сепак, како не ви е страв дека некој може да си го одземе животот поради вашите коментари? – директно се обрати водителката.
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
Таа ги спомена и хејт-коментарите упатени кон девојката која почина а живееше во Африка.
Инаку, Спенџарска важи за една од најпознатите и најактивни македонски инфлуенсерки со над 46 000 следбеници на Инстаграм!
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска