Бебе
Го чекаа цели 20 години, се роди предвреме и тежеше само 800 грама- приказна која ќе ве растажи и израдува во исто време!
Денес Иван има 4 години и среќно детство...
17 ноември е Светскиот ден на предвремено родените бебиња па по тој повод Сузана Хрчек, продавачка од Земун реши да ја раскаже својата приказна со среќен крај.
По цели 20 години борба за потомство, 51- годишната Сузана и нејзиниот сопруг Бранко конечно ја дознале среќната вест: ќе станат родители.
Сите претходни години ги поминаа во надеж, чекање, очај. Бидејќи не можеа да добијат дете по природен пат, тие се одлучија за ин витро оплодување. Првиот обид беше неуспешен но по втората процедура пристигна добра вест – Сузана била бремена.
– Мојата најголема желба беше да станам мајка. Го сонував тој ден, истакна Сузана која кога дознала дека е бремена имала 46 години.
-Поради ризична бременост бев хоспитализирана во ГАК „Народни фронт“, во 25-та недела од бременоста. По само еден месец, на 20.04.2017 година, ме породија со итен царски рез поради ненадеен скок на притисокот и наводна прееклампсија. Самото породување помина без проблеми благодарение на навремената реакција на докторите.
Иван се роди, но беше тежок колку векна леб.
-Моето бебе тежеше само 800 грама и беше во многу тешка состојба. Говидов само за момент по породувањето и тоа беше се во наредните три дена. Тогаш дознав дека моето момче е префрлено на Институтот за неонатологија.
-Му кажав на сопругот дека се породив а ни самата не верувам во тоа. Душата ми врескаше за син ми. Тоа беа најтешките часови во мојот живот. Во такви моменти немаше ништо што можеше да ме утеши. Само сакав што побрзо да го видам моето дете за кое не знаев дали воопшто ќе биде живо.
Нејзиниот сопруг, кој и самиот тешко го поднесуваше сето тоа, беше нејзиниот единствен извор на информации за бебето во тоа време и голема поддршка.
– По три дена, кога малку собрав сили, со сопругот отидов на Институтот за неонатологија. Д-р Марија Милиќ не поздравува со загрижено лице и со зборовите: „Вашето дете е во многу тешка состојба“. Не знам како останав на нозе.
– Беше толку мал, беспомошен, едвај се гледаше од сите апарати. Срцето ми крвареше … Тоа беше момент кој ме одбележа до крајот на мојот живот. Во исто време ја почувствував целата љубов на овој свет, сите стравови од овој свет, но и сите надежи за подобро утре.
Докторката Милиќ и го дала најдобриот совет: „Само галете го вашето дете и разговарајте со него“.
– Го фатив за малата рака и почнав со најубавата приказна на светот – приказната за љубовта на мајката кон детето.
И така, Сузана 137 дена одела на Институтот за неонатологија и на својот син му ги раскажувала најубавите приказни. Знаеше дека може да ја слушне и веруваше дека ќе се извлече без разлика што и да се случи.
Иван сега има четири и пол години, тој е здраво и среќно дете.
– Иван е мојот херој! Се бореше и победи. И знам дека моите љубовни приказни делумно придонесоа за тоа, како и мојата огромна вера во неговото исцелување… вели среќната мајка…