Кафе муабет
Го сонувала погpeбот на Мрка – Ана Бекута неутешна по загубата на саканот!
Не може да се помири дека повеќе го нема...
Српскиот политичар и почесниот претседател на СПС и народниот пратеник Милутин Мркоњиќ (79) почина во Белград во Инсистутот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, а сега во медиумите се појави веста дека неговата долгогодишна партнерка Ана Бекута го сонувала погребот на Мрка, а за овој кошмар им кажала и на колегите од „Ѕвездите на Гранд“.
– Ана тој ден дојде нервозна на снимањето, па сите ја прашавме што не е во ред. Додека ги чекаше сите да влезат во студиото, таа со Босанец и Снежана Ѓуришиќ разговараше за сонот што го сонувала и беше на работ да заплаче. Сите и рекоа да не се оптоварува дека тоа е само сон и дека ги изненадило што го сфатила толку сериозно. Ана тогаш се смири, се беше во ред, а Мрка и рече следниот ден да не се грижи и дека нема да ја остави уште долго – изјавил пријател на Мрка за српски Телеграф.
По неколку недели состојбата на Мрки се влоши. Милутин подоцна бил задржан во болница.
Ана оттогаш беше под стрес, па при посетата во болница го потсети Мрка што сонувала.
– Мрка почна да се смее иако имаше маска додека Ана зборуваше за својот сон. Тој рече: “Најубава моја! Па од што се плашиш кога знаеш дека сум волк! Тогаш и ветил дека нема уште долго да ја остави.
Како што пишуваат медиумите, за страшниот сон што го сонувала Бекута знае и Саша Поповиќ на кој пејачката му раскажала се кога ја прашал како е Мрка додека разговарале по завршувањето на снимањето.
– Сале, состојбата на Мрка не се менува. Постојано им се јавувам на лекарите и ми се јавуваат по потреба, но сè уште ништо не знам. Го сонував неговиот погреб пред два месеци, сети се дека ти кажав. Никогаш не сум сонувала такви соништа, па се исплашив. Во болница ми кажа дека сум параноична, заедно се смеевме. Рече дека никогаш нема да ме остави, тоа ме смири. Не сум суеверна, па се надевам на најдоброто. Го закопавме Саша, многу колеги беа, не можам повеќе да плачам – му рекла тогаш Ана, на Поповиќ пренесува српски Телеграф, не сфаќајќи дека наскоро ќе го доживее истото сценарио, како од лошиот сон.
Како што беше најавено, погребот на Мрка е планиран за в среда, а пред погребот ќе се одржи комеморација.
Доживеаа љубов како од бајките!
Иако нивната љубов беше бајковите изминатите години само една желба не биле во можност да им се оствари, истакнала пејачката.
– Жал ми е што немам дете со Милутин. Сакав порано да сме се сретнале и да имаме потомство. Тој би бил одличен татко сигурна сум во тоа.
-Животот нас не спои малку касно за тие работи, но тука се моите внуци кои нас тоа ни го надоместија. Често зборуваме тој и јас како би ни се викало детето, дали би сакале повеќе момче или девојче…
Сакаме да мечтаеме бидејќи нашата љубов е навистина силна, изјавила Ана Бекута пред неколку години.
Легендарната пејачка покрај својот партнер беше се до последниот ден, а нејзиниот син Игор од привот брак со клавијатуристот Александар Савиќ многу го почитувал и го ценел Милутин.
– Мојот син не сака да се експонира во јавноста и едвај можеме да го натераме да дојде со нас на некое случување. Едноставно не сака медиуми. Милутин и Игор совршено се сложуваат. Игор го почитува Милутин повеќе од својот татко, зборувала пејачката своевремено.