Бременост
Го покажа трудничкото стомаче: Погледнете како изгледа една од најубавите жени во светот во 7-ми месец од бременоста!
Емили Ратајковски го покажа трудничкиот стомак
Емили Ратајковски важи за еден од најпопуларните модели на денешницата, која се прослави со своите бујно деколте и префинето чувство за мода.
Таа на нејзиниот профил на Инстаграм не ретко објавува провокативни фотографии, а козметичките и модните бреднови буквално се натпреваруваат кој прв ќе ја ангажира во своите кампањи.
Пред две Емили Ратајковски се омажи за актерот и продуцентот Себастијан Беар-Мекклард, а сега парот го очекува и своето прво дете.
Имено Емили важи за една од најсексипилните жени во светот која го остава без здив буквално секој припадник на машкиот пол.
Дека Емили ужива во бременоста покажуваат фотографиите направени од папараците, кои ја уловија на прошетка со нејзиниот сопруг во Лос Анџелес.
Таа гордо го покажува своето трудничко стомаче, и постојано споделува фотографии на Инстаграм и добива низа позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Манекенката неодамна изјави дека сака нејзиното дете со текот на времето само да го одреди својот пол.
„Сакам да кажам – не сакам да го знаеме полот на детето се додека не наполни осумнаесет години,а тоа само ќе не извести до тогаш“, рече идната мајка.
Таа додаде дека бременоста е многу интимно искуство во кое жената, сепак е сама.
„Бременоста е состојба на осаменост. Тоа е нешто што жената го издржува сама, без оглед на околностите. И покрај фактот дека имам многу љубов од партнерот и пријателите кои споделуваат детали за својата бременост со мене, јас сум сама со моето тело додека го минувам сето ова – рече таа неодамна за „Вог“.
Што и да облече изгледа неодоливо
Таа важи за една од најатрактивните жени во светот на која буквално и прилега се што ќе облече.
Емили особено го привлече вниманието кога на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е облечена во бела кошула и фармерки од нејзиниот сопруг.
Фотографијата собра преку половина милион лајкови, а многумина коментираа дека што и да облече изгледа неодоливо.
Едноставно на некои жени големината и кројот на машката кошула им стои одлично, односно исто како на Емили!
.
Таа знае и како да ги носи омразените бициклистички кои ретко која девојка би сакала да ги носи.
Таа ги направи хит овие тесни кратки панталоно, откако сивиот модел го комбинираше со краток горен дел во иста нијанса, а во едно вакво издание ретко која дама би се одлучила да се прошета низ градот.
Таа спортското издание го заокружи со бели патики, кои веќе со години се задолжителен дел од летната облека, а целото издание го зачини со тренди очила за сонце и необичен моден додаток – округли златни обетки.
Има направено корекции на лицето
Иако до сега во ниту едно интервју Емили нема признато дека има направено естетска интервенција, сепак нејзините фанови сметаат дека таа претпела неколку промени на лицето.
Имено ваквата полемика настана кога во јавноста испливаа нејзини фотографии од младоста кога Емили глумеше во неколку епизоди од популарната тинејџерска серија „iCarly“ кои се снимаа пред точно 10 години.
Во продолжение уште неколку фотографии од Емили која е во 7-миот месец од бременоста…