Кафе муабет

Го изневеруваше сопругот со Иван Босиљчиќ: Ова е актерката чиј брак се распадна поради аферата со младиот актер!

Глумеше љубовница на Иван...

Познатата филмска, телевизиска и театарска актерка Андријана Виденовиќ е позната по големиот број улоги а крена голема прашина со улогата на љубовница на Иван Босиљчиќ.

фото принтскрин

Андријана привлече големо вниманиекај јавноста. Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Миленко Маричиќ. Од 1984 година играла во Југословенскиот драмски театар, КПГТ, театарот КУЛТ, Дом Омладине во Белград и театарот Звездара.

фото принтскрин

Андријана Виденовиќ глумеше во голем број филмови кои можат да се сметаат за класици на српската кинематографија, а по успешната кариера реши да се повлече и да се посвети на приватниот живот а во 1992 година стана мајка. Денес е редовен професор на потесната уметничка област Дикција на Факултетот за уметности на Универзитетот во Приштина.

фото принтскрин. Glossy.rs

Таа имаше забележителна улога во култниот филм „ Varljivo ljeto ’68“, каде ја играше професорката по социологија Невена Морено, а кога ја прашаа за сцената со колегата Драган Зариќ, кога скокна гола во река, таа објасни дека тоа воопшто не и било пријатно и дека плачела.

фото принтскрин

– Плачев затоа што се инсистираше јас и Зариќ да трчаме голи во реката. Нашиот прекрасен снимател ми рече: „Ти си луда, да изгледам толку прекрасно, воопшто не би се облекувал“. Беше прекрасен филм, тој филм преживеа толку многу време. Не постигна голем успех кога излезе, помина како пристоен филм“, изјави таа во една прилика за „Блиц“.

фото принтскрин

Најголемо внимание привлече во 2007 година имаше улога во серијата „Љубов и омраза“ каде што веродостојно го толкуваше ликот на разгалена богаташка. Таа како маќеа и љубовница на Иван Босиљчиќ снимаше жешки сцени со него, а интересно е што во споменатата серија глумеше и нејзиниот тогашен сопруг Бранко Ѓуриќ.

фото принтскрин

Имено, Андријана го толкуваше ликот на Катарина Лазаревиќ, која беше љубовница на Иван Босиљичиќ, додека беше во брак со Богдан Лазаревиќ, кој го глумеше нејзиниот сопруг.

фото принтскрин

Во оваа популарна ТВ сапуница, која се емитуваше пред десет години на телевизија Пинк, Андријана го играше ликот на Катарина Лазаревиќ, морално неподобна жена која се појавува во животот на главниот лик Богдан и по смртта на неговата сопруга го зема нејзиното место.

фото принтскрин

Оваа улога привлече големо внимание, бидејќи гледачите внимателно го следеа однесувањето на фаталната жена која преку ноќ се збогати и го остави своето минато далеку зад себе, но и се впушти во љубовна авантура со синот на нејзиниот сопруг, кој го игра актерот Иван Босиљчиќ.

фото принтскрин

– Повеќе од девет години не живеам со колегата и татко на мојот син Бранко Ѓуриќ. Не се разделивме во непријателство, но ни се разидоа патиштата и двајцата имаме свој приватен живот и партнери – изјави тогаш актерката.

фото принтскрин

Последен пат Андријана се појави во филмот „Не гази по туѓи соништа“ од 2012 година, во кој таа толкуваше улога на професорка по математика, а моментално живее на релација Белград- Приштина и води мирен живот со синот Лука и нејзиниот партнер, писателот Драган Јовановиќ Данилов.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close