Кафе муабет
“Го заклучив и сега е само мој”: Тина Ивановиќ 25 години е во брак со овој маж- еве како изгледа нејзината најголема поддршка!
Пејачката ужива во љубовта...
Пејачката Тина Ивановиќ веќе долго време е на естрадата и важи за една од најубавите дами меѓу пејачките.
Таа веќе 25 години ужива во хармоничен брак исполнет со љубов и разбирање, со нејзиниот сопруг Звездан.
-Го заклучив Звездан, тој не смее да мрдне. Се случува секоја година некоја криза во бракот, но ние се бориме заедно 25 години. Јас го славам животот, љубовта не треба да се слави само еден ден, туку целиот живот, ако е еден ден не е љубов – вели Ивановиќ.
– На почетокот на врската, кога тој беше немирен и држеше дискотеки, разни девојки се вртеа околу него, но јас го прекинав сето тоа, сега е како бубачка. Звездан сака да се шегува на своја сметка, не го сфаќам сериозно, имаме стабилна врска. Медиумите пишуваа сè, тој сака да се плетка со нив, па често измислува нешто – додаде пејачката.
Родила дете кога била тинејџерка
Инаку, Тина зад себе има бурно минато, за кое ретко зборува. Малку кој знае дека како малолета родила дете, а после разводот следуваше драма кога поранешниот сопруг не и давал да го гледа синот.
Тина уште во раната младост била мажена, а од тој краток брак го има синот Даниел, кој денеска има 29 години. Атрактивната пејачка со него често е во контакт, а во една пригода изјави дека се гледаат кога обврските тоа им го дозволуваат.
Таа откри и дека минала низ тежок период полн со страдање, кога синот не можела да го види цели 10 години.
„Само јас знам колку ми беше тешко во тој период. Многу страдав. Кога требаше да го видам своето дете, поранешниот сопруг и неговото семејство не ми дозволија. Никогаш не се одреков од него. Па, која мајка не би сакала да биде со своето дете. Не можам да ви набројувам колку пати со автомобил доаѓав до куќата во која живееше и го чекав. Еднаш му успеа да го видам, возеше велосипед.
Не знам дали се сеќава на тоа, беше уште мал, имаше 4 години. Му пријодв и му реков дека јас сум неговата мајка и му дадов пари. Забележав дека беше збунет и цело време гледаше кон капијата од куќата во која живееше. Две години по разводот отидов да работам во Германија и редовно испраќав алиментација. Така беше се до 2005 година, кога конечно се сретнавме“, откри Тина во својата потресна исповед.
Таа во едно интервју за српски Хело призна и дека сопругот Звездан и помогнал повторно да воспостави контакт со синот.
„Звездан многу ми помогна. Со денови разговаравме за тоа како да дојдеме до Даниел. Преку некои луѓе успеа да го најде неговиот број на телефон, го повика и го праша дали сака да види со мајката. Рече дека тоа му е голема желба. Така отидовме во Будва, и Даниел ни се приклучи на неколку дена. Не можам да ви опишам колку бев среќна што после толку време можам да го гушнам и бакнам сопственото дете и некое време да поминам со него“ изјави неодамна искрено познатата пејачка и додаде:
„Од тогаш се беше како што треба, редовно се гледаме, доаѓа кај нас во Белград. Јас сум горда мајка, зошто синот ми е добро и вредно момче“, заклучи Тина.