Uncategorized

ГО ДОБИ ШЕСТОТО ДЕТЕ НА 71 ГОДИНА: Дејвид Фостер стана татко- сопругата е помлада од четирите негови ќерки!

Пресреќни поради приновата...

Холивудската актерка Кетрин Мекфи Фостер (36) и канадскиот музичар и продуцент Дејвид Фостер (71), кој е во осмата деценија од животот, станаа родители на здраво момче, пишува списанието „Пипл“.

фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster

– Кетрин и Дејвид добија здраво момче. Мама, тато и синот се одлично – изјави нивниот претставник за медиуми.

Името на бебето сè уште не е познато.

фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster

Двојката се венчаше во јуни 2019 година, а првпат се сретнаа во 2006 година на снимањето на „Американски идол“.

Ова е првото дете на Мекфи и Фостер. Дејвид претходно бил во брак четири пати, а од тие бракови има пет ќерки: Алисон (50), Ејми (47), Сара (40), Ерин (38) и Џордан (34). Дури четири од петте ќерки на Давид се постари од нивната маќеа.

фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster

И покрај големата разлика во возраста на сопружниците, семејството го поддржува Дејвид и неговата одлука.

фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster

– Поддржувам сè што ќе ги направи среќни. Ако се среќни, и јас сум – истакна неговата ќерка Ерин минатата година.

фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster
фото инстаграм-Katharine McPhee Foster

Да потсетиме, оваа двојка е во брак две години, а во јавноста за прв пат беа видени во април 2018 година, кога папараците почнаа да го следат секој нивни чекор.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close