Кафе муабет
Гоца Божиновска удри по Кија Коцкар: Многу е некултурна, која е таа да се споредува со мене!
Фолкерката се налути на Кија Коцкар...
Пејачката Гоца Божиновска во емисијата во која неодамна гостуваше со нејзината пријателка Злата Петровиќ наводно многу се изнервирала поради Кија Коцкар.
Имено Кија и нејзината пријателка Катарина Живковиќ беа гостинки заедно со Гоца и Злата, а Гоца не можела на збор да дојде од неа и тоа многу ја налутило фолкерката.
Гоца наводно полудела бидејќи Кија постојано ја прекинувала. Што и да ја прашал Огњен Амиџиќ, Злата или неа, интервенирала Кија, пренесува Свет.
– Тогаш ја изнервира заклучокот на Кија дека Ката и таа се исти како Гоца и Злата. Кога заврши шоуто, Гоца пукна:
„Колку е некултурна оваа малечка, не може да се дојде до збор од неа. Таа се споредува со мене, која е таа да се споредува со мене“. – рекол изворот и открил:
– Беше навистина лута, но брзо помина. Гоца го сака целиот свет и никогаш не зборува лошо за луѓето, но Кија ја налути. Како и Тања Савиќ, таа за малку ќе го напуштеше шоуто бидејќи не можеше да зборува, но се воздржуваше да го испочитува Огњен Амиџиќ. Гоца потоа се сети дека еднаш за медиумите изјавила: „Кија и Луна не знаат да пеат“. Мислела дека помладата колешка за инает ја прекинала и дека се сеќава што кажала за неа во медиумите. Во секој случај, што и да се случило во минатото, Гоца не се лути – вели изворот.