Кафе муабет

Гоца Божиновска откри зошто не викнала никој од своите колеги на крштевката на внукот!

Меѓу најблиските беше и нејзината колешка Злата Петровиќ...

Пејачката Гоца Божиновска пред неколку дена заедно со нејзниот син Мирко Шијан и снаата Бојана Родиќ организраше крштевка за своето прво внуче, Зоран.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Имено таа сега ги откри деталите од крштевката на нејзиниот внук но и конечно кажа зошто на крштевката не бил поканет никој од естрадата.

фото принтскрин
фото инстаграм/Гоца Божиновска
фото инстаграм/Гоца Божиновска
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

– Тоа го решивме само одеднаш, бидејќи баба ми изрази желба. Тоа беше нејзиниот роденден. Еден внук се роди на роденденот на дедо ми, па едниот нека биде крстен на мојот ден, рече таа. И зошто да не. Беше прекрасно. Не ни размислувавме за пари. Бојана и Мирко сè подготвија сами, и ги повикаа пријателите, а подарокот богами беше прекрасен. Се што нормално оди за крштевање ама баба му дава и купува секој ден и така ќе продолжам- рече Божиновска за 24/7.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Инаку, меѓу најблиските беше и нејзината колешка Злата Петровиќ, без која не може да помине ниту една прослава. Како што можеше да се види на снимките, Злата на крштевката земала добар бакшиш, а таа пеела во чест на внукот и Божиновска.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Од останатиот дел од естрадата сепак добија само честитки.

-Никого не повикавме, беше само мојата Злата. Тоа беше семејна средба, а Злата ја сметам за член на семејството. Сите колеги со кои се дружам ми честитаа. Затоа што, ќе направиме голема прослава за првиот роденден. Сега сакавме само да го крстиме детето. Како што сакавме, така и направивме. Беше убаво. Тие двајца се совршени, како ова да им е петто дете, а не прво. Мирко не беше нервозен, не се нервира за ништо, таков е.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

За малиот Зоран вели дека навистина многу ги забавувал дента и бил вистинско шоу.

– О, тој беше шоу! Му гугаше на свештеникот па сите се смеевме. Беше во костум, со машна. Го облековме потопло одоздола, но во црквата е ладно и мислев дека може да плаче, но не! Кога влеговме во ресторанот, тој беше во количка и веднаш заспа. Потоа го однесе баба му. Си го направи своето и отиде да спие! Тој е толку мирен што не можам да верувам. Мирконе можев да го смирам никогаш во животот, а тој (Зоран), ништо. Му даваат шише, јаде, игра… влече играчки, ги крши, сега почна да препознава работи, бои, се смее… – се пофали таа со внукот кој сега има три и пол месеци.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Иако многумина прават крштевка заедно со првот роденден, сепак Гоца вели дека според неа подобро е што го крстиле Зоран порано.

Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

– Подобро да го крстиме порано. Рано е, но чинот е важен. Среќни сме и заедно правиме забави и кога нема прилики  – заклучи таа.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close