Кафе муабет

ГОТОВО Е: Карлеуша ги спакува куферите и си замина од Душко- еве каде беше виден тој за прв пат по објавата дека се разведуваат

Се уште не се огласи по повод разводот...

Душко Тошиќ за прв пат се појави во јавност, откако неговата сопруга Јелена Карлеуша ги извести медиумите дека двајцата ќе ја прекинат врската по четиринаесет години брак.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Во негов стил Душко не се изјасни за новонастанатата ситуација, а припадниците на седмата сила оттогаш будно го следат секој негов чекор.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Сега Душко Тошиќ за прв пат беше виден во јавноста на натпреварот Војводина – Напредак, кој го гледаше како фудбалски менаџер, што е професијата што ја избра кога официјално ги „остави копачките“.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

И покрај пишувањата и тешката семејна ситуација во која се наоѓа семејството Карлеуша – Тошиќ, Душко избра да се посвети на работата како вистински професионалец.

Фото/ Getty Images

Од друга страна, Јелена ги спакува куферите и го напушти семејниот дом, за да собере енергија во Турција за работните потфати што ја очекуваат во текот на летото и да остави емоциите да се смират.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Кој е следниот чекор на брачната двојка останува да видиме.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша наводно шест месеци се обидувала да го спаси бракот со сопругот Душко Тошиќ.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, по семејниот инцидент на Божиќ годинава, кога Душко наводно ја плукнал и и удрил шлаканица на пејачката, за што му беше забранет пристап, Јелена на секој можен начин се обидела мирно да ги надмине сите брачни несогласувања заедно со сопругот, но не успеала.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

И покрај сите проблеми што ги имаа и покрај турбулентната врска, таа дала се од себе за да ја одржи својата заедница во живот. Но, Душко бил цврсто решен во одлуката да се разведе, па кога сфатила дека разделбата меѓу нив по 14 години е неизбежна, Карлеуша се помирила со ситуацијата.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Дури и нејзините најверни обожаватели кои присуствуваа на нејзините настапи во последниот период можеа да забележат дека Јелена страда и дека борбата за опстанок на бракот остави трага на неа.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Така беше и на нејзиниот концерт во еден клуб во Загреб на почетокот на јуни, не долго откако таа и Душко се договорија да го прекинат бракот, пренесува „Курир“.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Тогаш, според извор кој бил присутен на настапот таа вечер, Јелена, пред да ја отпее една од нејзините најемотивни песни, „Tihi ubica“, на почетокот на песната, го кажала зборот „за жал“ со тажен и расплакан глас , што не е дел од текстот на оваа балада.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

„И за жал… се будам сама, очите никого не бараат…“, пееше тогаш Карлеуша, а никој од присутните не можеше да претпостави дека тогаш индиректно ја опиша семејната драма низ која поминувала што само еден месец подоцна, резултираше со нејзината објава за развод.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Инаку, Јелена во интервју за магазинот „Хелоу“, прво по објавувањето на разводот истакна дека жената е кичмата и столбот на секое семејство, која многу се наведнува и кога не сака и дека мора да има компромиси во долгиот брак.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Мене животот не ме милуваше. Нашето семејство помина низ подеми, падови, трагедии, напади од разни видови. Во меѓувреме мајка ми почина, деца се родија и пораснаа, Душко ја заврши кариерата и започна нова, и сè уште жонглирам за да ги исполнам очекувањата на сите. Се борев. Имам силен ‘рбет. Не сум од оние кои ги креваат рацете и се откажуваат. Јас не сум ниту од оние што мислат дека треба да го трпат неуспехот, најдобра карактерна особина, но и проклетство. За жал долгорочно во бракот мора да има многу компромиси и на таа жена многу и се витка кичмата и кога не сака“, изјавила Јелена.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close