Кафе муабет

Големо славење во домот на Саша Матиќ: Ќерките му приредија најголемо изненадување- пејачот пресреќен се пофали на социјалните мрежи

Го прослави својот роденден...

Музичката ѕвезда Саша Матиќ вчера го прослави својот 44 роденден, а посебно изненадување приредија неговите ќерки Александра и Тара.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Откако Саша го заврши настапот, отиде во семејниот дом каде го чекаа ќерките и сопругата Анѓелија, кои организираа се, а пејачот не можеше да претпостави дека дома ќе го чека изненадување.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– Важно е да имаме убави прилики за славење, а се е многу полесно кога имаш прекрасно семејство и пријатели – изјави Саша.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Само што влегол, ќерките го гушнале и му го честитале роденденот, по што тој ги дувал свеќите од роденденската торта.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– Важно е да имаме убави прилики за славење, а се е многу полесно кога имаш прекрасно семејство и пријатели. Ќе има уште убави прилики во наредниот период, а она што го знам е дека мојата публика најмногу се радува на тоа. Ова лето ќе биде многу напорно за мене. Во септември одам на американска турнеја, а потоа во октомври имам голем концерт во Загребската Арена кој е веќе распродаден и најверојатно ќе отвориме и друг термин. Австралиската турнеја ќе следи во ноември – изјави во оваа прилика Матиќ.

Фото Инстаграм/Саша Матиќ

Тимот на Саша во наредните недели треба да ги објави датумите на новите концерти за Спаладиум Арена во Сплит, Старк Арена во Белград, како и за концерти во Тузла и Сараево.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Инаку, Саша на крајот на годината го издаде албумот „Два живота“, каде пријател на проектот беше „Телеком Србија“, а според официјалната статистика, целиот албум го слушале над 40 милиони луѓе.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Неодамна Саша истакна дека овој албум е круна на неговата дваесетгодишна кариера, и истакна дека во тој проект е вложен многу труд и дека сакал да и даде личен печат на својата публика.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– Тешко е да се каже причината зошто се случува сето ова. Во последните неколку години се заинтересирав за оваа продукциска работа. Ме интересира звукот, не е се во сцената, настапите, има нешто во мелодијата, во таа музика. Почнав да компонирам, дури и некои големи имиња од овој наш свет ме викаат да им помогнам. Навистина уживав во правењето на овој албум, мислам дека дадов се од себе- рече пејачот и го откри значењето на името на албумот.

Фото Инстаграм/Саша Матиќ

– „Два животи“ значи едниот живот за кој цел живот сонував, а другиот го живеев – открива Матиќ.
Пејачот се осврна и на неговите стари хитови кои се неизбежни на секој негов концерт и откри со кои најмногу се гордее.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

-Ги има многу, но кога би ги наброиле сега, сигурно се „Кога љубовта ќе задоцни“, „Ангел чувар“, „Ти го избра него“, „Најди нова љубов. “, ова се некои песни кои ја одбележаа мојата кариера и многу сум горд на нив. Имав такви ситуации кога бев навистина горд на себе, секој пат кога ќе кажам дека не можам да одам подалеку од тоа. Мислев дека 2001 година и објавувањето на мојот прв албум беше мојот врв, но секогаш се трудев да одам чекор понатаму. Големите концерти се нешто што најмногу го сакам, срцето ми беше полно кога ја наполнив познатата белградска арена- открива Саша Матиќ во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

Саша Матиќ инаку е познат по тоа што е семеен човек и како што изјави на неколку пати секој слободен момент сака да го поминува со своите најблиски. Во 2003 година Саша се ожени со убавата Анѓелија и со неа доби две ќерки Тара и Александра.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

Саша често истакнува дека неговите три дами му се најважни во животот. Тој во едно интервју за српскиот таблоид „Ало“ искрено призна што би го натерало да си замине од неговата сопруга со која инаку е во складен брак.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

„Мојата сопруга и ќерките навикнаа поради работата што ја работам многу често да не сум дома и ме разбираат. Кога сум дома, се обидувам да поминеме квалитетно време и потполно да му се посветам на семејството. Многу често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, но јас не сум ни едното ни другото, бидејќи никогаш не сум тука“ изјави искрено пејачот и додаде која е тајната на неговиот успешен брак.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

„Не постои тајна. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене постојат сите овие работи. Ако ме прашувате дали понекогаш морам да се оправдувам, бидејќи не сум дома, поштено ви велам, не се оправдувам ни на самиот себеси. Кога сум дома, мора да биде добра атмосферата, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е така, веднаш заминувам. Знам дека тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа исто важи и за бракот, ако атмосферата помеѓу мене и сопругата беше лоша, јас би заминал“, откри тогаш познатиот пејач.

Фото Фејсбук/ Анѓелија Матиќ

Пејачот вели дека Анѓа е секогаш со него, и дека е неговата потпора но и столбот на семејството – особено што поради неговата работа тој често е отсутен од дома.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close