Дом и семејство
Големо разочарување на Хана и тоа за првиот заеднички Божиќ: Грашо стави крај- не ги стави нив во прв план!
Фановите се разочараа од него...
Иако помина речиси само една година откако се венчаа сепак во јавноста се шпекулира за брачната криза на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.
Дали навистина следела брачната криза на Петар и Хана како што пишуваат медиумите не е точно познато, тоа е мислењето на многумина, но сепак, доколку тоа не се случило досега, можно е да се случи по последниот потег на хрватскиот музичар.
Имено, тој на Божиќ посетил дом за деца без родители каде со својот изглед и музика ги воодушевил најмалите.
Пејачот и самиот покажа како уживаше во посета на домот за деца без родители и дружењето со најмалите, а задоволството по тој повод го сподели со оние кои го следат на неговата Фејсбук страница.
– Одењето во Домот за деца без родители Липик е најдоброто нешто што ми се случи овој Божиќ, особено затоа што израдував толку многу детски срца. Ви благодариме за поканата што се запознавме и стекнавме толку многу нови пријатели – напиша Грашо, очигледно многу возбуден, но според убедувањето на јавноста бил многу невнимателен.
Според неговите следбеници, Петар заборавил дека ова му е прв Божиќ со наследничката Алба и дека тоа всушност треба да биде најубавото нешто што го доживеал на Божиќ, што, за жал, не го спомнал во описот.
Секако, Грашо е горд татко и ја обожава својата миленичка со која го поминува целото слободно време, но многумина го критикуваа поради тоа што не ја споменал барем во една реченица.
Дали и Хана, за која ова беше прв Божиќ под ист покрив со музичарот, му замери и дали навистина тоа е причината за брачната криза на Петар Грашо и Хана Хуљиќ, како што многумина предвидеа, ќе покаже времето.
Но и покрај разните написи, Грашо и Хана уживаат во семејна идила и во друштво на нивната наследничка на која и го дадоа името Алба.
– Со оглед на тоа што годината ја исполнив со концерти уште пред да се роди ќерка ми, за жал не стигнувам ни да ја видам. Сè уште е бебе, воопшто не се занимава со музика. Ќе ги видиме нејзините афинитети, полека, рече Грашо.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.